Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прифатени два проекта на Земјоделскиот факултет од повикот на МОН за модернизација на лаборатории
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прифатени два проекта на Земјоделскиот факултет од повикот на МОН за модернизација на лаборатории
Агровести

Прифатени два проекта на Земјоделскиот факултет од повикот на МОН за модернизација на лаборатории

Објавено 20/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за образование и наука инвестираше во проекти за наука и инфраструктура и за кадарот на Факултетот за земјоделски науки и храна, соопшти министерката за образование и наука Мила Царовска.

Таа денеска ги посети лабораториите кои се реновираат и се запозна со активностите помогнати со средствата одобрени за капитални инвестиции. Во рамки на повикот кој пред шест месеци МОН го распиша за проекти за модернизација на лаборатории на сите универзитети, прифатени се вкупно 44 тригодишни проекти во кои МОН инвестира 244 милиони денари. Два од поддржаните проекти се на Факултетот за земјоделски науки и храна и се во вредност од околу четири милиони денари.

-МОН посветено работеше да дизајнира систем за финансирање наука, зашто сметаме дека преку инвестиции на наука која е апликативна, навистина може да го забрзаме растот и развојот на нашата држава или да очекуваме економски просперитет. Земјоделството како подрачје е многу значајно за нашата држава и токму затоа, два од проектите што ги поддржавме се токму тука. Инвестицијата на МОН за распишаниот повик од 244 милиони денари се значајни финансиски средства за науката во последните десет години. Двојно зголемен е буџетот за наука од оној во изминатите години. Тоа укажува на тенденција на инвестиции од ваков тип, рече Царовска.

Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Вјекослав Танасковиќ рече дека на средбата разговарале и за актуелни состојби околу вработување кадар на Факултетот, за студиските програми и за зголемување на интересот за студирање на тој факултет.

-За жал, интересот се повеќе опаѓа, а побарувачката на пазарот се зголемува. Разговаравме за можноста да видиме како да се субвенционира кадарот во наредниот период за да може да се зголеми интересот и да се задоволат потребите на пазарот на трудот односно стопанството, изјави Танасковиќ.

Во оваа пригода министерката Царовска посочи дека дополнително олеснување за факултетите е направено и со потпишување на колективниот договор и зголемување на платите двапати по 10 проценти – во септември оваа година, и во наредната година 10 проценти, а првпат во колективниот договор, нагласи Царовска, е решен и минатиот труд.

-Тоа ослободи значителни средства на факултетите за понатамошни инвестиции и за развој на наука кај нив. Тоа ќе им овозможи да се развиваат и да се создаде кадровски потенцијал којшто ќе и помогне на државата да се развива, додаде Царовска.

MИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:земјоделски факултет
Претходен напис Исплатени субвенции за млеко
Следен напис Лазаревска: Од 1 јануари, за 92% од работниците во државата недела ќе биде ден за неделен одмор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?