Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Презентирани резултати од проектите за развој на туризмот во Малешевијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Презентирани резултати од проектите за развој на туризмот во Малешевијата
Рурален Развој

Презентирани резултати од проектите за развој на туризмот во Малешевијата

Објавено 30/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Малешевијата има многу производи кои во пазарниот сегмент имаат вредност на посебност, што е од особена важност за обезбедување соодветен економски развој преку партиципација на туризмот. Ова е констатацијата на Константин Циривири од „Маунтин експириенс” кој во Едукативниот центар за зачувување на природата во пехчевското село Негрево ги претстави досегашните активности од проектот, чија цел е да понуди поинаков концепт за креирање туристички содржини, како дел од целината „Малешевија – твојот дом на планина”.

– Ги промовираме денеска туристичките содржини на сето тоа што е сработено во изминатиот период. Во основа, активностите почиваат на мрежа од планински патеки со вкупна должина од 250 километри. На нив се надоградуваат туристички производи во различна форма наменети за различни целни групи. Сметаме дека ова е еден нов концепт на креирање авантуристички производи, нов не само во Малешевијата туку воопшто во земјата. Се надевам дека овој пример ќе го користат сите кои работат консултантство или реализација на програми за авантуристички производи како бенчмарк, како водилка како да имплементираме авантуристички туризам со меѓународни стандарди, при креирањето на содржините како и експлоатирање на производите, рече Циривири.

Раазвојот на туризмот, според Циривири, не треба да се мери преку бројот на посети, бројот на ноќевања, туку преку подобрувањето на животот во локалната заедница.

-Во таа насока, иако е ова мал проект, се обидовме да ги вклучиме локалните луѓе во сите сегменти, планирање, реализација на терен, тури, како и изработката на студијата за развој на туризмот која во конечната форма, некаде во септември, ќе ја презентираме. Исто така, вклучени се неколку локални експерти кои работат на полето на туризмот веќе подолго време и кои сметам дека можат да дадат значителен придонес, не само во туризмот во Малешевијата туку и во целата земја – додаде Циривири.

Во изминатиот период, како што истакна Јасминка Пашалиска Андоновска, преку Програмата за зачувување на природата реализирани се повеќе иницијативи во насока на развој на туризмот.

-Во таа насока, со општините Делчево и Берово реализиравме еден концепт за обележување на туристичките атракции, од аспект на природните убавини кои ги имаме, меѓутоа основавме и туристички инфо пунктови кои во следниот период треба да имаат поголема улога при промоција на регионот, но и да работат на анимација на локалните чинители за да се вклопат во оваа туристичка приказна за Малешевијата – рече Пашалиска Андоновска.

Градоначалниците на двете општини, Пехчево и Берово – Драган Тренчовски и Звонко Пекевски, кои присуствуваа на денешниот настан во Негрево, се согласија дека општините и понатаму ќе продолжат да развиваат и имплементираат голем број проекти кои се значајни за развој на туризмот во Малешевијата.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
(ВИДЕО) Протест на производители од малешевијата: За илјадници тони компир нема пласман
Таг:малешевија
Претходен напис (ВИДЕО) Бојан Ѓорѓиевски: Целта на Здружението „Домашно прасе“ е да го претстави заедништвото на малиот фармер
Следен напис Температурите денеска ќе достигнат до 41 степен, активно жолто ниво на опасност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?