Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Превентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти и побезбеден сообраќај
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Превентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти и побезбеден сообраќај
Агровести

Превентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти и побезбеден сообраќај

Објавено 07/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Велес и Битола реализираа низа превентивни активности од различни области, важни за безбедноста и сигурноста на граѓаните, пред се од областа на безбедноста во сообраќајот и заштитата од имотни деликти.

Така, во рамки на СВР Битола, во повеќе основни училишта во Битола, Прилеп, Македонски Брод, Ресен, Демир Хисар и Крушево за првооделенците беа организирани предавања од страна на полициски службеници околу нивната безбедност во сообраќајот како пешаци под мотото „Безбедно од дома до училиште и назад“. И во текот на наредните денови ваквите активности ќе продолжат низ училиштата на подрачјето на СВР Битола, но и во другите сектори за внатрешни работи. Напоредно со ова, полициски службеници од ОВР Ресен и ОВР Крушево спроведоа активности за превенција од злоупотребата на огнено оружје при веселби и прослави, потоа за превенција од имотни деликти, првенствено измами, кражби и разбојништва, а беа реализирани и активности под мотото „Стави појас“ во интерес на безбедноста во сообраќајот.

На подрачјето пак на Кавадарци, Отсекот за превенција при СВР Велес, а по повод интензивните сезонски земјоделски работи, организираше превентивни активности со возачи на земјоделски машини и механизација. Дополнително, во Велес се одржаа информативни средби со превозниците што годинава ја имаат обврската за превоз на ученици до училиштата и назад на подрачјето под надлежност на СВР Велес, а насочени кон безбеден и навремен транспорт на децата.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:активностизаштитаимотни деликтимврсообраќај
Претходен напис Соларен саем за обновливи извори на енергија од 15 до 17 септември во Скопје
Следен напис Приведени дрвокрадци во Битола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?