Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Претставници од С. Македонија учесници во Европски проект за реформи во политиките за рурален развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Претставници од С. Македонија учесници во Европски проект за реформи во политиките за рурален развој
Агровест

Претставници од С. Македонија учесници во Европски проект за реформи во политиките за рурален развој

Последна измена: 18/11/2020 18:00
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Полирурал проектот насловен „Колаборативна политика за рурален развој” е финансиран од Европската Унија преку програмата за истражување и иновации H2020.

Клучната цел на Полирурал проектот е да поттикне развој на руралната политика, да понуди сигурно и транспарентно решение за руралниот развој преку вклучување на сите засегнати страни (земјоделци, експерти, носители на одлуки) во насока на креирање попривлечни и подостапни руралните области за постојното население и потенцијалното ново рурално население.

Полирурал има за цел да обезбеди инклузивно опкружување за размена на знаења и искуства каде руралното население, истражувачите и креаторите на политики се здружуваат за решавање на заедничките проблеми. Преку квалитативни и квантитативни пристапи на истражување проектот ќе обезбеди евалуација на ефективноста на постојните мерки и политики за рурален развој и ќе понуди иновативни предлози за стимулација на руралната политика со изработка на студија за предвидување која ќе ја инкорпорира развојната траекторија на земјоделството и останатите поврзани сектори до 2040 година, користејќи различни сценарија во кои еволуцијата на руралното население зазема централно место. Врз основа на овие активности од Полирирал ќе произлезат препораки кои ќе им овозможат на носителите на одлуки на различни нивоа да бидат подготвени за справување со постојните и идните предизвици во однос на развојот на руралните средини.

АгФутура Технологии, како пилот-лидер, заедно со организацијата Платформа за зелен развој, како пилот-партнер, ги реализираат проектните активности во Северна Макаедонија, регион Гевгелија-Струмица, како еден од вкупно 11 пилот региони од Европа вклучени во проектот Полирурал.

Во октомври 2020 година во Струмица беше организиран настан на регионалниот панел кој го сочинуваа фармери, експерти и креатори на политики со цел поврзување со останатите клучни поединци, членови на здруженија, претставници од јавни институции кои имаат значајна улога во иницијативата и ќе помогнат во спроведувањето на препораките од проектот при дизајнирање на идните политики за рурален развој. Членовите на пилот-тимот ја презентираа визијата, планот за имплементација на активностите, причината и потребата од вклучување на сите засегнати страни, како и очекуваните резултати, ефектите и придобивките од проектот и пилот активностите. Официјална веб страна на Полирурал H2020 проект: https://polirural.eu/

Може да ви се допадне

Белгија пронајде форматенат во замрзнати јагоди од Србија
Мицкоски ги повика младите да аплицираат на огласите за грантови од Оперативниот план
„Дебела маќеница“ – Против чир на желудник, кожни заболувања и спортски повреди
До 100 000 евра поддршка за враќање на МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ во село и живот во руралните средини
Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h
Таг:Полируралрурален развој
Претходен напис Данскиот министер за храна и земјоделство си поднесе оставка поради мерката за уништување заразени нутрии
Следен напис Конференција „Жените лидерки во бизнисот – Трансформација на бизнисот и животот“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?