Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и кон крајот на денот со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните температури ќе бидат во интервал од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во делови од Скопската Котлина ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.
За време на викендот ќе преовладува стабилно и релативно топло време, а на почетокот на следната седмица повторно ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
Остави коментар
Остави коментар
