Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Преспанските земјоделци преку агрометеоролошка станица ќе се информираат за повеќе параметри
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Преспанските земјоделци преку агрометеоролошка станица ќе се информираат за повеќе параметри
АгровестиРурален Развој

Преспанските земјоделци преку агрометеоролошка станица ќе се информираат за повеќе параметри

Објавено 16/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во јаболковите насади на средното општинско училиште „Цар Самоил” во Ресен поставена е агрометеоролошкa станицa со софтвер за земјоделски култури, преку која земјоделците во Преспа ќе може да се информираат за моменталните температура и влажност во воздухот.

Агрометеоролошката станица е дел од проектот „Иновациите во функција на унапредување на земјоделството во Пелагонискиот регион” реализиран преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

На поставувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, Гого Видимче и директорот на СОУ „Цар Самоил”, Славица Божиновска.

– Агрометеоролошката станица МЕТЕОБОТ ќе биде од огромна помош на земјоделците од Преспанскиот регион поради тоа што има сензори за мерење на температурата и влажноста на воздухот, воздушниот притисок, брзината на ветрот, количеството на врнежи, соларната радијација, влажноста на лист и сензор за мерење на температурата на почвата, информира градоначалникот Гошаревски.

Сите измерени информации, појасни, станицата ги собира во временски интервал од 10 минути и преку GPRS ги испраќа до сервер, каде се обработуваат и се препраќаат до компјутерската и мобилната апликација.

– Станиците се целосно автоматизирани и независни, што значи дека корисникот информациите ги презема преку компјутерска и мобилна апликација, без физички да ја посетува агрометеоролошката станица, истакна Гошаревски.

Апликациите може да се спуштат преку андроид и IOS уреди.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Со помош од државата винарските визби ќе го откупат целото винско грозје
(ВИДЕО)Јанчев: Откупот на грозјето е почнат, да нема параноја, оваа година организацијата е на ниво!
Поради сушата некои култури повеќе нема да напредуваат во некои региони, предупредува извршната директорка на Европската агенција за животна средина
ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Ангелов: Тежок пожар во атарот на селата Локов и Буринец, Струшко, драматично и во општина Боговиње, каде пожарникарите спречиле огнот да дојде до селото Јеловјане
Таг:грометеоролошка станицаинформацииПреспанските земјоделци
Претходен напис Заев: Земјоделството и производството на храна се шанса за успех
Следен напис Зa две недели 17 акции за незаконски лов на риба на Охридското езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?