Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Преспанските јаболкопроизводители ќе ги изнесат своите барања пред ресорниот министер
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Преспанските јаболкопроизводители ќе ги изнесат своите барања пред ресорниот министер
Агровести

Преспанските јаболкопроизводители ќе ги изнесат своите барања пред ресорниот министер

Објавено 09/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Продолжување на интервентната мерка за субвенционирање од три денари по килограм за продадено индустриско јаболко до 30 јуни годинава, е едно од клучните барања на преспанските јаболкопроизводители, што ќе го изнесат на средбата со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Мерката за субвенции за индустриското јаболко траеше до 16 декември минатата година, по што јаболкопроизводителите побараа нејзино продолжување поради големите количини непродадено индустриско, но и трпезно јаболко, кое може да заврши како индустриско.

Претседателот на здружението „Благој Котларски” Љубе Пампулевски ги повтори петте клучни барања на двете земјоделски здруженија и осумте земјоделски задруги од Преспа, кои ќе бидат изнесени пред ресорниот министер.

– Имавме конктинуирано тешка сезона од самиот почеток. Домашните трговци ги откупуваат јаболката по многу ниска цена. Интервентната мерка од три денари по откупен килограм индустриско јаболко ќе ја зголеми цената за прва класа ајдарет на шест до осум денари. Производната цена на јаболкото е девет до 10 денари. Значи работиме со загуби – изјави Пампулевски.

На јаболкопроизводителите, според него, потребна им е и бараната финансиска помош од 100.000 денари по хектар за јаболкови насади и заштита на домашното производство, како и исплатата на штети од невремето со град што во неколку наврати го зафати Преспанскиот регион во 2021 година, но и заостанатите исплати од 2016 и 2018, како и за мал дел од 2017 година.

– Ќе побараме и информација околу изградбата на откупно-дистрибутивен центар на територија на општина Ресен, еден од трите што треба да се градат во државата со средства од Светска банка. Потребата на ваков објект во Преспа е преголема, додаде Пампулевски.

Преспанските јаболкопроизводители, кои деновиве килограм јаболко од сортата ајдарет го продаваат по цена од четири до шест денари, се оптимисти од најавената средба со ресорниот министер и очекуваат прифаќање на нивните барања.

Може да ви се допадне

Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Таг:здружението „Благој Котларски”
Претходен напис Утрово најмногу снег и најстудено во Маврови Анови
Следен напис Високите цени на маслодајната репка доведоа до рекорд во засеаните површини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?