Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Преспа со најуспешна туристичка сезона, останува проблем сместувањето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Преспа со најуспешна туристичка сезона, останува проблем сместувањето
Агровести

Преспа со најуспешна туристичка сезона, останува проблем сместувањето

Објавено 09/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преспа има една од најуспешните туристички сезони во последните пет-шест години, но потребни се повеќе сместувачки капацитети, оцени градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски.

Плажите се полни, а максимално се исполнети и сместувачките капацитети, кои и онака се во мал број.

May be an image of beach, body of water and sky
Плажата во Дупени/фото: Facebook

– Со оглед на тоа што минатата година голем број од иселениците не беа вратени, годинава поголем дел се во родниот крај. Преспа го доживува својот максимум. Плажите Претор, Сливница, Долно Дупени, Стење, Крани… се полни. Сместувачките капацитети се максимално исполнети до крајот на август, а не изостануваат и дневните туристи од Битола и Прилеп – изјави Гошаревски.

За големата посетеност, меѓу другото, смета дека придонеле и културните манифестации организирани на крајбрежјето од почетокот на летото.

May be an image of sky
Преспа/фото: Facebook

– Почнавме со „Чиста Преспа – моја Преспа“, проект со кој се чистеше крајбрежјето, потоа следуваа „Запознај ја Преспа”, „Преспа Ленд”…, продолжуваме и во септември доколку дозволат мерките со традиционалниот Преспански јаболкобер – додаде градоначалникот.

Најголем проблем во турситичка Преспа се сместувачките капацитети. Во моментот има скоро 1.000 легла од кои 194 се хотелско сместување, 262 кај физички лица, 400 во авто-кампот Крани и 100 легла манастирско сместување во Сливница и Брајчино.

May be an image of outdoors
Преспа/фото: Facebook

– Има приватни објекти, кои од разни причини останале на забот на времето, а сопствениците не се заинтересирани да ги реновираат и да ги стават во функција. Бараме начини да се мотивираат да ги реконструираат или да ги продадат на некој што ќе инвестира во нив – истакна Гошаревски.

Заинтересирани инвеститори, нагласи дека има, но урбанизацијата на некои места во Преспа не дозволува изградба на нови сместувачки капацитети, што, според градоначалникот е дополнителен проблем.

Со асфалтирањето на патот преку Галичица, што го поврзува Отешево со Охрид, очекува дополнителен развој на алтернативниот туризам, а како голема придобивка во туристичка Преспа ќе биде и меѓуграничниот проект со Грција „Светите води”, кој ги поврзува четирите манастири „Свети Петар и Павле” во селото Подмочани, „Свети Илија” во Грнчари, „Свети Ѓорѓи” во Курбиново и „Света Богородица” во Сливница.

МИА

Може да ви се допадне

Русија руши рекорди: Извезува 50 милиони тони пченица, а продажбата на ѓубрива скокна за 30%
(ВИДЕО) Ристески: На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите
Отворен Максол Експо 2026, соларната енергија е иднината, секој треба да даде свој придонес
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 04.06.2026 година
Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет – потрошувачите се изманипулирани, ќе ги објавиме фирмите
Таг:гошаревскидупенипреспа
Претходен напис (Видео) На Евија изгоре површина од речиси 50.000 хектари
Следен напис Во јули зголемени трошоците на живот за 0,5 проценти во однос на јуни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?