Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Премиерот Заев од Штип: Поддршка до 20 илјади евра за 265 млади земјоделци, вложуваме 190 милиони денари во земјоделското производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Премиерот Заев од Штип: Поддршка до 20 илјади евра за 265 млади земјоделци, вложуваме 190 милиони денари во земјоделското производство
АгровестиФондови

Премиерот Заев од Штип: Поддршка до 20 илјади евра за 265 млади земјоделци, вложуваме 190 милиони денари во земјоделското производство

Објавено 05/12/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Ремзи Абдулахи, денеска ги доделија првите договори за поддршка до 20 илјади евра на млади земјоделци за поттикнување на земјоделското производство.



Премиерот Заев истакна дека земјоделството и производството на храна се шанса за успех и дека пандемијата со вирусот КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна од македонско производство.

„Чест ми е што денеска сме во Штип за да ги доделиме првите договори за поддршка до 20 илјади евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство на сите млади земјоделци, севкупно 265 апликанти кои одлучија да инвестираат во оваа значајна економска гранка. Вкупната вредност на оваа мерка е 190 милиони денари или 3,1 милиони евра. Сите одобрени апликации добиваат до 20 илјади евра неповратни средства за реализација на предложените инвестиции, за разлика од минатата година кога износот беше помал до 10 илјади евра“, истакна премиерот Заев.



Тој додаде дека цел на оваа мерка е да се поттикнат младите луѓе да останат во земјата и да ги реализираат инвестициите за модернизирање на земјоделските стопанства, што значи намалување на производните трошоци и зголемување на конкурентноста.

„Само со вложување во младите може да влијаеме на одливот на кадар и миграција село – град, да се инвестира во земјоделството и да се отвораат нови работни места. Дополнително поттикнува тоа што согласно апликациите има многу креативни и интересни идеи за развој на нови бизниси во агро – секторот кои ќе бидат менаџирани пред се од млади до 40 години. Согласно договорите инвестициите ќе бидат насочени за набавка на пчеларска опрема, молзни системи, млинови, современа опрема за фарми, собирачи за лешници, бадеми, апарати за тресење на сливи и слично“, објасни премиерот Заев.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа им честита на сите млади земјоделци и им порача да продолжат да и веруваат на својата држава, посакувајќи им храбро, со ентузијазам и домаќински да ги вложуваат парите и да ја дуплираат нивната вредност преку своето производство.



„Минатата година, преку мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделско стопанство“, која се однесува на младите земјоделци до 40 години, финансиската поддршка изнесуваше 10. 000 евра. Со измената на Законот за земјоделство и рурален развој, финансиската поддршка е зголемена за 100% и сега изнесува 20.000 евра. Мерката го поддржува поттикнувањето на земјоделското производство на земјоделски стопанства чии носители се млади земјоделци“, заклучи министерот Хоџа и додаде дека целта е што повеќе младите да се вклучат во целокупниот процес на земјоделство со тоа што ќе обезбедат добри услови и поддршка од државата за нивната иднина да ја градат тука, во нашата земја.

Владата, министерството и Агенцијата ќе продолжат да креираат мерки и програми за развивање на домашниот агро-сектор. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:20 000грантнеповратнисубвенции
Претходен напис УXMP објави каква зима не’ очекува и што да очекуваме во декември, јануари и февруари
Следен напис Усвоен законот за помош од 6.000 денари, стапува на сила веднаш
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?