Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Премиерот Заев на стартот на работите на новиот градски пазар во Виница: Се создава центар од интерес на земјоделците и трговците од целиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Премиерот Заев на стартот на работите на новиот градски пазар во Виница: Се создава центар од интерес на земјоделците и трговците од целиот регион
АгровестиПазари

Премиерот Заев на стартот на работите на новиот градски пазар во Виница: Се создава центар од интерес на земјоделците и трговците од целиот регион

Објавено 10/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на стартот на работите на новиот градски пазар во Виница кој доаѓа како одговор на искажаниот интерес на граѓаните на Општината.

„Како еден од најзначајните капитални проекти за граѓаните на општината и за сите околни места, изградбата на градски пазар во Виница е од интерес и за регионот бидејќи неспорно е дека се создава пазаришен центар кој ќе биде од интерес на земјоделските производители и трговците од целиот регион. Станува збор за изградба на градски пазар кој има покриен и отворен дел и кој сега станува реалност иако беше претходно повеќе пати ветуван“, истакна премиерот Заев на настанот во Виница.

Во сите делови, додаде премиерот Заев, проектот ја предвидува оптималната функционалност за вакви објекти и со примена за сите потребни стандарди за овој тип комерцијални објекти кој води грижа и за придружните потреби на граѓаните како што е паркинг просторот и пријателски пристап за лицата со посебни потреби.

„Забележлива посебност на проектот за градскиот пазар е и неговата архитектонска вредност што ќе го направи објектот еден од најпрепознатливите во градот“, нагласи претседателот на Владата Зоран Заев на настанот по повод почетокот на работите на изградбата на градскиот пазар во Виница.

Како Влада, рече уште премиерот Заев, се обврзавме да ја зајакнеме децентрализацијата, да овозможиме максимално можен трансфер на надлежности од централно на локално ниво и тоа да го сториме со соодветен трансфер на финансиски средства за нивно извршување.

„Со проектот што го предложи Општина Виница, и кој Владата прифати да го финансира со средства од ТАВ програмата, ќе бидат заменети старите водоводни цевки со нови полиетиленски, со што ќе се подобри квалитетот на водата за пиење и ќе се обезбеди долгорочност на водоводната мрежа“, потенцираше премиерот Заев, и додаде дека Владата во соработка со Општина Виница финансиски учествуваше во изградбата и реконструкцијата на локална патна инфраструктура,  водоснабдителна мрежа, во изградбата на спортски објекти, и сето тоа за подобрување на животот на граѓаните и за поддршка на економскиот развој.

Градоначалникот на Виница Ивица Димитров во своето обраќање истакна дека капиталните инвестиции, вложувањата во инфраструктурни проекти на локално ниво се предуслов за подобрување на животот на нашите граѓани и остануваат приоритет за него како градоначалник.

„Затворениот градски пазар ќе биде лоциран на точно на местото од каде што пред 3 години заедно со Премиерот најавивме дека до крајот на мандатот ќе се започне со изградба на нов современ градски пазар, кој во последните 30 години е приоритет и потреба од повеќе аспекти за граѓаните на Општина Виница. Вредноста на овој капитален проект изнесува 29 милиони и 300 илјади денари, истиот ќе се протега на површина од 1810 м2, на 2 нивоа, составен од отворен и затворен дел“, информираше градоначалникот Димитров.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:виницазаевЉупчо
Претходен напис ХЕМОМЕТАЛ: Пристигна машината за собирање јаткасти плодови HASATSAN H1800 MECHANIC HARVESTER
Следен напис Јавна расправа за новиот Предлог – Закон за пасишта во МЗШВ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?