Во наредниот период ќе се реобјави огласот за откуп на пченицата за стокови резерви, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски.
-Она што беше задолжение на Влада до Агенцијата за Стокови резерви да се објави постапка за набавка на 15 000 тони пченица, за жал беше прекината бидејќи претходниот менаџерски тим кој што требаше да ја спроведе постапката повторно ги имаше ставено критериумите без заштита на домашната пченица. Затоа сега ќе се реобјави постапката со точно утврдени критериуми стрикно наменета за домашната пченица – изјави на прес конференција Трипуновски.
