Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Преговорите околу Брегзит сеуште траат, а фармерите веќе се на улица поради новиот закон
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Преговорите околу Брегзит сеуште траат, а фармерите веќе се на улица поради новиот закон
АгровестиПазари

Преговорите околу Брегзит сеуште траат, а фармерите веќе се на улица поради новиот закон

Објавено 05/11/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Остануваат помалку од два месеци до официјалниот крај на преодниот рок за Брегзит, а клучните трговски преговори се во застој со месеци, бидејќи ниту една од страните не успеа да постигне никаков договор.

Разговорите прво се водеа во Лондон, а оваа недела беа преместени во Брисел каде се очекува конечен договор. Ако обете страни ги надминат разликите, новиот консензус ќе биде сеопфатен, од трговија и енергија до земјоделство и риболов.

Од друга страна, доколку не се постигне договор, билатералната трговија со стоки и услуги во вредност од 900 милијарди долари би била сериозно оштетена од новите тарифи и квоти.

Еден од главните спорови во преговорите е риболовот затоа што ЕУ сака да ги задржи своите права на британските риболовни води. Патем, според контроверзната Заедничка политика за риболов (ЗДП), сите земји-членки имаат пристап до водите на ЕУ по пат на квоти.

Бидејќи Велика Британија има голема крајбрежна област, критичарите често пати тврдат дека системот е неправеден. Премиерот вети дека ќе се откаже од Заедничката политика за риболов на ЕУ и ќе ја врати контролата врз водите, но се верува дека европските бродови ќе можат да пловат на нивна територија веќе од следната година.

Проблем се јавува и поради  Повелбата за вечна употреба на британските води, која принцот Чарлс I им ја даде во знак на благодарност на 50 белгиски рибари за време на неговиот престој во градот Бриж. Во случај да не се постигне решение, фламанската влада ќе се повика на тоа, пишува theguardian.

За време на јавната дискусија со Генералниот директорат за животна средина за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија, безбедноста на храната и животната средина, експертите ја истакнаа потребата од акција за спречување на нарушувањата во синџирот на снабдување со храна.

И за да се сведат штетите на минимум, Бирн повика на насочена поддршка на бизнисите со храна, вклучувајќи ја  и директна соработка со индустриите за да им помогне на компаниите да разберат и да се подготват за идните промени. Таа предупреди дека потенцијалот за регулаторни дивергенции ќе се зголеми по 1 јануари 2021 година, а  неговото темпо е нејасно и неизвесно.

Земјоделците на улица , Шкотска пред можна криза поради компирите

Околу 30 трактори, предводени од кампањата „Зачувај го британското земјоделство“ (SBF), возеа низ центарот на Мелтон на 29 октомври во знак на протест против новиот Закон за земјоделство, кој ќе стапи на сила следната година.

Противниците тврдат дека законот не содржи правна заштита за земјоделците кои моментално се под капата на Унијата и стравуваат дека некои автохтони производи, како што се свинска пита и сирење, може да се соочат со нелојална конкуренција од ефтините „копирани“ производи. Тие исто така силно се спротивставуваат на ефтиното, хлорирано пилешко од Америка кое го преплавува британскиот пазар.

Иако риболовот во Шкотска се третира како приоритет во преговорите за Брегзит, на земјоделците кои се занимаваат со производство на компири им е кажано дека, како што стојат работите сега, тие веројатно нема да можат да извезуваат во Северна Ирска од 1 јануари. Треба да се напомене дека Велика Британија е една од најголемите извозници на чипс во светот.

Забраната би резултирала со загуби од над милион евра, а шкотскиот министер за животна средина ја повика владата и побара од неа да ја третира оваа индустрија како потрошувач во трговските преговори.

Патем, оваа земја сочинува дури 75% од производството  во Велика Британија и вреди повеќе од 200 милиони евра годишно-пишува theguardian.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:брегзитВелика БританијаеузаконШкотска
Претходен напис Здружената стопанска комора на Западен Балкан повика на изградбата на заеднички пазар без бариери
Следен напис Македонско вино од Камник меѓу десетте најдобри во светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?