Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пред велигденските празници, АХВ ги засили инспекциските контроли
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пред велигденските празници, АХВ ги засили инспекциските контроли
Агровести

Пред велигденските празници, АХВ ги засили инспекциските контроли

Објавено 07/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По налог на директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, инспекциските служби на АХВ пред велигденските празници спроведуваат засилени инспекциски контроли на продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи. Налог е издаден и за засилување на инспекциските контроли на граничните премини за пратките со јајца кои се увезуваат во земјава, каде акцент со контролите е ставен на датумот на пакување и означување, временскиот рок на траење, кој за овој производ не смее да биде подолг од 28 дена, односно за јајцата декларирани како “екстра” не повеќе од 9 дена.
-Контролите на домашниот пазар се спроведуваат во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца, со акцент на нивното означување, условите на чување и складирање на овој прехранбен производ, за кој пред празниците постои зголемена побарувачка. Со засилените инспекциски контроли опфатени се и производителите, увозниците и трговците со бои за јајца, во поглед на тоа дали тие ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на боите, односно дали истите се во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храната и
Правилникот за адитиви кои се користат во храната – вели директорот Бабовски.
Се контролира дали боите се соодветно означени и спакувани во оригинално пакување, бидејќи, додава тој, бојата во ринфуз состојба и без декларација е небезбедна.
-Боите не смеат да претставуваат опасност за здравјето на луѓето и не смеат да влијаат на нутритивниот квалитет на храната. Затоа треба да се внимава, бои да се купуваат исклучиво од регистрирани оператори кои се под контрола на АХВ – објаснува директорот на АХВ.
Засилени се и контролите во месарниците и месарниците со работилници, кои вршат промет со свежо месо и подготовки од месо. Акцент на оваа категорија оператори со храна, ставена е на контролата на здравствената ознака на месото, комерцијалните документи, следливоста, условите за чување и одржувањето на ладниот ланец во прометот со месо и подготовките од месо, како и нивното декларирање.
Дел од засилените контроли се и другите прехранбени производи, особено овошјето и зеленчукот кај кои се проверуваат органолептичките карактеристики, како и условите на чување и складирање.
-Како одговорна институција за безбедноста на храната, во пресрет на велигденските празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да купуваат исклучиво од регистрирани или одобрени оператори со храна, а секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на боите за јајца, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:АХВбабовски
Претходен напис Италија назначува специјален комесар за кризата предизвикана од сушата
Следен напис ЕУ извезла луковици орхидеи, зумбули, лалиња во вредност од 100,6 милиони евра – Кој е главен на пазарот?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?