Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пред Велигден јагнешко тешко се наоѓа, a цените на зелените пазари се повисоки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пред Велигден јагнешко тешко се наоѓа, a цените на зелените пазари се повисоки
Агровести

Пред Велигден јагнешко тешко се наоѓа, a цените на зелените пазари се повисоки

Објавено 22/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во пресрет на Велигден традиционално цените на зелените пазари се повисоки, а тешко се стигнува и до јагнешко. Недостигот од јагнешко е поради тоа што македонските јагниња се најдоа на европскиот пазар за католичкиот Велигден, а цените на пазарите, според производителите, се повисоки поради суровините.

– Моментално тешко се доаѓа до јагнешко месо. Главно, јагнињата се извезоа за католички Велигден, дома остана многу малку, а цените се во пораст. Од 290 до 320 денари, сега цената стигна до 350 за килограм јагнешко. Така е со јагнешкото, додека цената на свинското месо се намали поради помалата побарувачка, а јунешкото има статус-кво цена – изјави Тони Павлески претставник на кланичната индустрија.

Според Слободан Ѓорѓиески, пазарџија на прилепскиот пазар, набавните цени се зголемени за над 20 проценти.

– Набавните цени се повисоки за 20-тина проценти. Не знам што е. Ама ако се погледнат нивите, голем дел останаа необработени.Увозот на краставици од Албанија во старт е 75 денари, продажната цена е минимум 80 денари за килограм. А домашните имаат набавна цена од 110 денари. Како што стојат работите, ова ќе продолжи и по празниците – вели Ѓорѓиески.

Прилепскиот производител на градинарски култури Слободан Калајџиоски смета дека цените не се високи, туку високи се цените на суровините.

– Семенскиот материјал и ѓубривата двојно поскапеа. Семето не е на кило, туку сега се купува според зрно семки за градинарските култури. И ѓубривата се многу поскапени – вели Калајџиоски.

Од прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ велат дека високи се цените на суровото масло на светските берзи и затоа се зголемени и малопродажните цени на маслото.

– Суровото масло на светските берзи уште од 2020 година нагло ги зголеми цените. Од август лани до март годинава, цената на суровото масло порасна речиси двојно. За споредба, од првиот квартал лани до првиот квартал годинава, цената на суровото масло порасна за преку 35 проценти. Настојуваме да испорачаме квалитетни производи, но таа ситуација ги крена малопродажните цени. Се обидуваме да држиме под контрола. Нема вештачки цени, туку сѐ е последица од цените на светските берзи – истакнува Орде Ѓорѓиоски, директор на правниот сектор во „Витаминка“.

Според Сојузот на синдикатите на Македонија, 42 проценти од месечната плата се троши на храна и на пијалаци.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:veligdenвелигденјагнешко
Претходен напис Во Теново ќе биде пуштена во употреба фотоволтаична централа
Следен напис (ВИДЕО) Теле со две глави се роди во Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?