Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пожарот кај валандовско Грчиште се уште не е ставен под контрола, вчера полесно повредени двајца вработени во „Македонски шуми“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пожарот кај валандовско Грчиште се уште не е ставен под контрола, вчера полесно повредени двајца вработени во „Македонски шуми“
Агровести

Пожарот кај валандовско Грчиште се уште не е ставен под контрола, вчера полесно повредени двајца вработени во „Македонски шуми“

Објавено 02/07/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола.

Според информацијата од заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, објавена на неговиот фејсбук профил, пожарот има четири критични точки и тие се покриени од рано наутро.

-За жал во вчерашниот пожар лесно беа повредени и двајца колеги од ЈП “Македонски Шуми”, при што на едниот му беше дадена кислородна поддршка, а другиот беше пратен во Општа болница Струмица за понатамошна помош. Во текот на денешниот ден приоритет е заштитата на селата Марвинци и Балинци и секако после тоа се останато, објави Михаилов.

Додаде дека денеска четири подружници на „Македонски шуми“ ќе пратат уште 25 работници со возила и соодветна опрема, кои ќе се приклучат на екипити за гаснење на пожарот.

Инаку, според утринската информација од Центарот за управување со кризи (ЦУК), покрај пожарот меѓу селата Грчиште и Марвинци, во овој регион има пожар и во Општина Богданци, на потегот од браната Паљурци до Богданци, каде гори ниска вегетација и грмушки.

МИА

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:валандовскоГрчиштедвајца вработениМакедонски шумипожарот
Претходен напис Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини
Следен напис Во Светиниколско регистрирани два пожари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?