Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
Агровести

Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници

Последна измена: 13/05/2025 08:15
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Променливото време со повремени врнежи од дожд ги одржува земјоделските култури во активна состојба, со доволно влага во почвата, но претставува и своевиден ризик за појава на плевели, болести и штетници поради големата релативна влажност на воздухот, велат агрометеоролозите од УХМР.

Поради тоа препорачуваат производителите да посветат поголемо внимание на заштита на посевите.

Според агрометеоролозите, новите врнежи прогнозирани за оваа недела ќе придонесат за дополнување на вештачките акумулации.  

-На некои места, претежно во североисточните и источните подрачја, минатата недела имаше поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер (над 60 km/h) и со изолирана појава на град. Тоа нанесе штета кај некои земјоделски површини. Ноќта во петокот кон саботата и во саботата претпладне беше нестабилно со локални поројни врнежи од дожд и грмежи. Преодно стабилизирање на времето имаше во недела, а денеска, како и вчера, се очекуваат повремени врнежи. При вакви временски услови земјоделските производители треба да посветат поголемо внимание на заштита на посевите од плевели, од појава на болести и штетници, да преземат содветни агротехнички мерки поради постоење оптимални услови за нивно ширење и развој, советуваат агрометеоролозите.

Воедно предупредуваат производителите да преземат мерки за уништување на плевелите како што е плитката обработка на почвата, бидејќи нивната појава може значително да ги намали приносот и квалитетот.

-Треба да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води. Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува под отворен простор, порачуваат агрометеоролозите.

МИА

Може да ви се допадне

Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка
Народна банка: Макроекономската слика за економијата не е значително променета во споредба со октомвриските проекции
Таг:болестиземјоделствотоплевелиПовремените врнежипроизводителите
Претходен напис Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин
Следен напис Најмногу дожд во Струмица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?