Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повикот за Мерка 3 од ИПАРД е отворен до 28 мај: Аплицирајте за машини, нова технологија, ладилници, силоси…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Повикот за Мерка 3 од ИПАРД е отворен до 28 мај: Аплицирајте за машини, нова технологија, ладилници, силоси…
Јавни огласи и повициФондови

Повикот за Мерка 3 од ИПАРД е отворен до 28 мај: Аплицирајте за машини, нова технологија, ладилници, силоси…

Објавено 12/05/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави првиот јавен повик од ИПАРД III програмата за Мерка 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Крајниот рок за поднесување на барањата е  28.05.2024 година

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерката 3 ,,Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”  изнесува 14.013.333 евра или  863.781.846 денари.

Секторите кои се опфатени со оваа мерка се :

-Млеко и млечни производи;

-Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина);

-Овошје и зеленчук (вклучувајќи компири и мешункасти култури);

–Житарки, мелнички производи и скроб;

-Растителни и животински масти и масла;

-Шира, вино, други ферментирани пијалаци, жестоки алкохолни пијалаци и оцет;

-Риба и рибни производи;

-Сточна храна и од фуражни култури;

-Други производи произведени врз основа на производите опфатени со Анекс I од Договорот за функционирање на Европската Унија;

-Производство на енергија преку преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса.

Корисници на поддршката можат да бидат правни лица, задруги и здружени правни лица за колективни инвестиции.

Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција за оваа мерка не може да биде пониска од 50.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи ДДВ.

Максималната поддршка на вкупно прифатливите трошоци која може да биде доделена на еден корисник под оваа мерка изнесува 3.000.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го ДДВ за целиот период на спроведување на Програмата.

Максималната финансиска поддршка која може да се додели на новоосновани правни лица (правно лице кое нема поднесено годишен даночен извештај за последната фискална година што ѝ претходи на годината на јавниот повик) по оваа мерка е 100.000 евра во денарска противвредност.

Максималната вкупна финансиска поддршка која може да се додели на поединечен проект според оваа мерка е 1.500.000 евра во денарска противвредност.

За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации јавете се на телефонските броеви:
📞 070 267 789
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Таг:евраипардладилницимашиниповик
Претходен напис Силна соларна бура ја погоди Земјата, може да предизвика нарушување на комуникациите и аурора бореалис
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне локален дожд 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?