Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потсетување до пелагониските земјоделци дека до 25 декември може да поднесат барања за финансиска поддршка во органското производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потсетување до пелагониските земјоделци дека до 25 декември може да поднесат барања за финансиска поддршка во органското производство
Агровести

Потсетување до пелагониските земјоделци дека до 25 декември може да поднесат барања за финансиска поддршка во органското производство

Објавено 10/12/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) со седиште во Битола, денеска упати потсетување до пелагониските земјоделци дека до 25 декември може да поднесат барања за финансиска поддршка во органското производство.

Во изјава за МИА, раководителот на ПЕ на МЗШВ во Битола, Стојан Христовски истакна дека со финансиската поддршка опфатени се повеќе мерки, како и дополнителни директни плаќања за подмерките на МЗШВ.

-Сакам да ги известам земјоделците дека може да ја искористат финансиската поддршка за преработка на органски производи и органски производи во преод од домашно сточарско и растително потекло.Тоа е поддршка од 10 насто од вредноста на произведените и продадени производи, до 150.000 денари  по оператор и 30.000 денари по сертифициран органски производ од растително и сточарско производство, за не повеќе од 5 преработени производи. Поддршка има и за трговија или маркетинг на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло, како и посебни директни плаќања за стручна контрола и сертификација, односно 50 насто од трошоците за добиен сертификат издаден од овластено тело во 2025 година. Во финансиската поддршка вклучени се и посебни директни плаќања за анализа на производ кај земјоделски стопанства, изјави Христовски.

Во канцелариите на МЗШВ во Битола, но и во дисперзираните канцеларии во општините Могила и Новаци, обезбедени се и информации за дополнителни директни плаќања за подмерки содржани во финансиската програма.

-Пелагониските земјоделци може да ја корстат подмерката за дополнителни директни плаќања за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион која изнесува 6.000 денари по хектар и за афионова чушка која изнесува 18.000 денари по хектар, потоа директни плаќања за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети, но и директни плаќања од подмерката за овошје предадено во преработувачки капацитети или кај регистрирани откупувачи, појасни Христовски.

Од ПЕ на МЗШВ со седиште во Битола посочија дека во рамки на финансиската поддршка и предвидениот рок до 25 декември отворени се подмерките за директни плаќања за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици, како и плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед.мт/са/

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:битолаподрачнасубвенции
Претходен напис Собранието го донесе Буџетот за 2026 година – фискална консолидација, поддршка на економијата и редовна исплата на обврските
Следен напис Од 1 јануари тест фаза на е-фактура, ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?