Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потсетување до младите земјоделци, во тек е јавниот повик за поддршка во започнување на земјоделска дејност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Потсетување до младите земјоделци, во тек е јавниот повик за поддршка во започнување на земјоделска дејност
Јавни огласи и повици

Потсетување до младите земјоделци, во тек е јавниот повик за поддршка во започнување на земјоделска дејност

Објавено 13/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува младите земјоделци дека до 15 октомври е активен јавниот повик за мерката 112 од програмата за Рурален развој за 2023 година, за поддршка на млад земјоделец, распишан од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР.

Мерка 112 – се однесува на помош на младите земјоделци за започнување на земјоделска дејност со финансиска поддршка до 600.000 денари од прифатливите трошоци по поединечен корисник.

Средствата од финасиската поддршка се наменети за инвестиции во набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година.

Максималната вредност на финансиска поддршка по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000 денари, односно 100% од направените трошоци. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати.

Како корисници на мерката се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Поддршката за оваа мерка, за прв пат од оваа година, започнува да се исплаќа авасно, веднаш по потпишувањето на договорот, во висина до 40% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци

Напоменуваме дека во овој јавен повик како прифатлив трошок не се земаат набавката на трактор и приклучна механизација.

Барањата за аплицирање се поднесуваат по електронски пат, по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Крајниот рок за доставување на барањата е 15.10.2023 година.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
ТИКА со поддршка за производство под пластеници од страна на продуктивните жени во Македонија
Таг:дејностмладите земјоделциподдршкаПотсетување
Претходен напис Митови, преданија и легенди за петок 13-ти
Следен напис Шумски полицаец нападнат од четири лица во Кавадарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?