Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потрага по нова планета на која има живот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Потрага по нова планета на која има живот
Магазин

Потрага по нова планета на која има живот

Објавено 16/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Научници ширум светот трагаат по можноста за постоење на одреден облик на живот на планети во Вселената, а едно неодамнешно откритие дава надеж дека тоа навистина постои. Имено, сè уште непотврдени истражувања укажуваат дека можеби е пронајдена планета на која би можел да постои живот. Тоа небесно тело, оддалечено 117 светлосни години од Земјата, кружи околу ѕвезда наречена „бело џуџе“, пренесува Би-би-си.

Научниот труд за планетата, која е откриена во зона каде што не е ниту премногу студено ниту премногу топло и каде што постојат можности за развој на живот, неодамна е објавена во научното списание на Кралското астрономско друштво. Според професорот Џеј Фарихи од Кралскиот колеџ во Лондон, кој го предводи тимот истражувачи, ова набљудување претставува нешто сосема ново за астрономите.

– Ова е првпат да се забележи нешто вакво во населивата зона на „бело џуџе“. Можно е да постои живот на планета која орбитира околу „бело џуџе“ и која е 60 пати поблиску до својата ѕвезда отколку што нашата планета е до Сонцето, изјави професорот Фарихи за Би-би-си.

Истражувачкиот тим засега нема директни докази за постоењето на планетата, но движењето на 65 структури со големина на Месечината, кои кружат околу населивата зона на „белото џуџе“, укажува дека таа најверојатно постои. Растојанието меѓу овие структури не се менува, што сугерира дека тие се под влијание на гравитацијата на планета која се наоѓа во нивна близина.

– Ова откритие претставуваше вистинско изненадување за тимот. Движењата беа толку прецизни што јасно укажуваат на постоење на небесно тело, објасни Фарихи.

Додека многу големите ѕвезди, кога ќе ја потрошат својата енергија се претвораат во црни дупки, помалите ѕвезди, како нашето Сонце, стануваат „бели џуџиња“, односно ѕвезди кои го потрошиле својата нуклеарна енергија и ги изгубиле своите надворешни слоеви. Тие обично се со големина на планета и испуштаат сино-бела светлина кога првпат се формираат.

Благодарение на современите технологии, научниците дознаваат сè повеќе за вселената и новооткриените планети. Така, неодамна беше откриена и планетата Проксима Д, која кружи околу „црвеното „џуџе“-Проксима Кентаур, ѕвездата што е најблиску до Сончевиот Систем. Се претпоставува дека оваа планета има четвртина од масата на Земјата.

МИА

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:животнова планетапотрага
Претходен напис Најстудено изутринава во Берово, минус четири степени, највисока температура од четири степени измерена во Скопје – Зајчев Рид
Следен напис Водата во Скопје безбедна за пиење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?