Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Агровести

Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Последна измена: 22/05/2025 09:14
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти, ќе биде потпишан денеска во Лондон.

Договорот ќе го потпишат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас, јави известувачот на МИА од Лондон.

Посетата на британската престолнина Николоски кој предводи владината делегација во која се и потпретседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити,  министерката за образование Весна Јаневска и директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски, официјално ја започна вчера со средба со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање (УКЕФ) во британското Министерство за финансии.

-Можам со задоволство да кажам дека овие пет милијарди фунти или шест милијарди евра по овој состанок и дефинитивно се ставени на располагање на Македонија. Може да се користат за проектно финансирање, врзани се со проекти, што значи дека ќе носат додадена вредност за Македонија, изјави Николоски по средбата.

Тој потсети дека станува збор за проекти во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката, технологијата, како и во областа на животната средина. Досега е разговарано за три сета на проекти што се веќе потврдени – брзата пруга на Коридор 10, од Табановце до Гевгелија, потоа изградбата на болниците во Кичево, Тетово и во Штип, и третиот изградба на медицински факултет и студентски дом во Штип.

Николоски кажа дека по потпишувањето на договорот влада со влада и по ратификацијата што ќе следи во македонското Собрание, ќе почнат и официјални разговори во однос на начините на финансирање и начините на реализација на овие проекти и за многу брзо време ќе објават детали по однос на нив.

Тој го појасни процесот на ратификација во двете земји. 

-Кај нас договорот ќе се ратификува во парламентот, додека во Велика Британија го усвојува Владата. Потоа договорот станува ефективен и веќе влегуваме во официјални разговори и преговори за реализација на проектите. Јас кажав дека мојата амбиција е дека во текот на летото ќе имаме договори, а доцна наесен и работа на терен, рече вицепремиерот Николоски.

Во текот на вчерашниот ден тој имаше и неколку политички средби на агендата, а оствари средба и со директорот на ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Рајанер“ на која станало збор за можноста за нови летови во земјава. 

Договорот што ќе биде потпишан денеска, порано неделава беше усвоен од македонската Влада, откако премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стармер постигнаа согласност за стратешко партнерство на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји, кој се оценува како историски, е резултат на повеќемесечни интензивни преговори меѓу дипломатски и експертски тимови од двете страни и претставува потврда за  конкретна и долгорочна определба за зајакнување на билатералните врски и економската соработка со Обединетото Кралство.

МИА

Може да ви се допадне

Трипуновски од Прилеп: Дефектот на водоводната цевка ќе биде саниран во најбрз можен рок
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
Ребалансот на буџетот на седница на Влада, најавени повеќе пари за општините, за здравството, за повисоки плати, пензии, субвенции
Над осум милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците
На Табановце се чека 40 минути, а на Богородица 30 минути
Таг:ДоговоротОбединетото КралствоПотпишувањестратешко партнерство
Претходен напис Германска бизнис делегација на средба во Стопанската комора 
Следен напис Просечната нето плата во март 44 763  денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?