Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпишани договорите од вториот повик за млади земјоделци, од следната година поддршката се зголемува на 20.000 евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпишани договорите од вториот повик за млади земјоделци, од следната година поддршката се зголемува на 20.000 евра
Агровести

Потпишани договорите од вториот повик за млади земјоделци, од следната година поддршката се зголемува на 20.000 евра

Објавено 30/12/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска започна потпишувањето на договорите за мерката „Помош за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“. Финансиската поддршка за оваа мерка е до 10.000 евра во форма на грант. Вкупно се потпишуваат 102 договори.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, посочи дека со оваа мерка се излегува во пресрет на младите земјоделци кои имаат желба да се занимаваат со земјоделство, да инвестираат во сопственото земјоделско производство и да започнат свој бизнис.

„Младите луѓе во руралните средини се нашиот главен приоритет и работиме посветено на поголема поддршка за нивниот развој. Со поддршката на младите, ќе се придонесе за развој на руралните средини, вработување преку отворање на сопствен бизнис на младите луѓе, внесување на нови и модерни технологии, што крајно ќе резултира со зголемено земјоделско производство “, изјави министерот Димковски.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, посочи дека проекти и бизнис планови од млади земјоделци има во сите региони, проектите се од различни области.

„Со задоволство можам да кажам дека за разлика од минатиот оглас на овој сега има мошне креативни идеи за развој на нови бизниси во агро – секторот а кои ќе бидат менаџирани од млади. Средствата се неповратен грант а со овие пари апликантите ќе набават: сенопревртувачи, машина за нижење на тутун, млин за сточна храна, машина за извлекување на коски од сува цреша, комплетна опрема за пчеларство, собирач за лешници, апарат за тресење на сливи“, изјави директорот Бабовски.

Инаку, на само двата повика за млади земјоделци објавени досега, склучени се 526 договори за инвестиции. Со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој, финансиската поддршка за новиот оглас што ќе се објави следната година, се зголемува на 20.000 евра.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:АФПЗРРгрантовидоговоримзшвмлад земјоделецНиколче БабовскиТрајан Димковски
Претходен напис За земјоделците од кумановско, ХЕМОМЕТАЛ отвори нов плац во село Долно Коњаре
Следен напис Евростат: Еден пазар, значителни разлики во приходите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?