Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Агровести

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Објавено 23/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вчера, на 22 декември 2021 година, формализирана е одличната соработка помеѓу Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје преку потпишување на Меморандум за соработка.

Имено, во просториите на Земјоделскиот институт во Скопје, директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, г-динот Елгафар Јусуфи и директорот на Земјоделскиот институт проф. д-р Виктор Ѓамовски потпишаа Меморандум за соработка кој претставува темел за понатамошна заедничка соработка меѓу двете институции, а ќе се развива врз основа на меѓусебно разбирање, доверба и координација, за да се обезбеди што поквалитетна услуга за сите засегнати страни кои егзистираат и работат во областа на земјоделството и руралниот развој.

Меморандумот има за цел да обезбеди координирање, заеднички активности и меѓусебно помагање во насока на поддршка при унапредување, модернизација, осовременување и адаптација на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија.

Овој меморандум како основа ја има соработката во областа на земјоделството и руралниот развој, имајќи ги предвид законската регулатива, националните стратешки планови и програми, принципите на заедничката земјоделска политика на Европската Унија, како и потребите на населението во руралните области, со цел да се обезбеди квалитетен пристап за поддршка во подобрување на условите за живот во руралните средини.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:апрзземјоделски институт
Претходен напис Презентација на мониторингот на водите од Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро за 2021 година
Следен напис Реобјавен повик за доделување техничка поддршка за помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?