Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпишан Договорот за подготовка на активностите за изградба на откупните центри во Струмица и во Ресен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпишан Договорот за подготовка на активностите за изградба на откупните центри во Струмица и во Ресен
Агровести

Потпишан Договорот за подготовка на активностите за изградба на откупните центри во Струмица и во Ресен

Објавено 25/12/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Договор вреден 499.890 евра е потпишан денеска меѓу Владата и консултантското партнерство составено од Globaltec Desarrollos e ingenieria S.A (Глобалтек Десаролос), COLENCO Ltd. (КОЛЕНКО ДООЕЛ), NEW VISION Ltd. (Нју Вижен ДОО), и BUREAU OF URBAN PLANNING BITOLA Ltd. (Биро за Урбанизам Битола ДООЕЛ), за подготовка на активностите за изградба на откупните центри во Струмица и во Ресен.

Договорот е поделен во три фази. Првата, како што беше речено пред потпишувањето, се фокусира на избор на соодветна локација, урбанистичко планирање, физибилити студија, стратешки и бизнис план, проценки на влијанието врз животната средина и социјални аспекти, втората фаза вклучува подготовка на главен проект и финализирање на планот за управување со животната средина и социјалните аспекти, додека третата предвидува консултантското партнерство да обезбеди техничка помош при спроведувањето на постапката за избор на градежни компании за изградба на двата откупни центра.

Договор вреден 499.890 евра е потпишан денеска меѓу Владата и консултантското партнерство составено од Globaltec Desarrollos e ingenieria S.A (Глобалтек Десаролос), COLENCO Ltd. (КОЛЕНКО ДООЕ

-Денес е голем ден за македонското земјоделство. По децении, почнува постапката за изградба на откупни центри во Струмица и Ресен. Тоа ќе значи сигурен откуп кој нема да зависи од временските и климатските услови, туку единствено од трудот на земјоделците, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Тој потсети дека средствата во износ од околу 12 милиони евра за развој и изградба на двата откупно-дистрибутивни центра, се обезбедени преку Проектот за модернизација на земјоделството кој се финансира со заем од Светска банка во износ од 46 милиони евра.

Со двата откупно-дистрибутивни центра кои ќе бидат поврзани со логистичко-дистрибутивната платформа лоцирана во околината на Скопје, ќе се воспостави националниот систем за дистрибуција на храна со што ќе се обезбедат услови за подобрување на безбедноста и квалитетот на храната во согласност со меѓународните стандарди, услови за подобрување на конкурентноста на синџирот на вредност на јаболката преку квалитетно сортирање, класифицирање и пакување,  како и услови за подобрување на агрегацијата и хоризонталната интеграција на малите сопственици за поголема моќ за преговарање на пазарот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Претставниците на консултантското партнерство најавија најсовремена технологија и енергетска одржливост во рамки на проектот за откупните центри, а целта е, како што рекоа, поголема конкурентност на земјоделскиот сектор. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:активноститедоговорототкупните центриподготовкаРесенСтрумица
Претходен напис Стабилно и релативно топло време до крајот на неделава
Следен напис Ковачевски: Нови два откупно-дистрибутивни центри по европски стандарди во Струмица и Ресен, за сигурен пласман на земјоделските производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?