Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпишан договорот за пловечки фотоволтаици – ќе се произведува струја за да не поскапи водата за наводнување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпишан договорот за пловечки фотоволтаици – ќе се произведува струја за да не поскапи водата за наводнување
Агровести

Потпишан договорот за пловечки фотоволтаици – ќе се произведува струја за да не поскапи водата за наводнување

Последна измена: 16/01/2024 12:57
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Со грант вреден 765.158 евра од Кралството Шпанија, земјава ќе изготувува студија за поставување пловечки фотоволтаици. Целта е да се намалат трошоците за струја на АД „Водостопанство“ за пумпните станици и да не се дозволи да дојде до поскапување на водата за наводнување што ја користат земјоделците.

Договорот за грантот го потпишаа денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претставниците од шпанската компанија „Глобалтек“ која треба да ја обезбеди техничката поддршка.

Реализацијата на проектот ќе биде во три фази. Со првата ќе се идентификуваат локациите за поставување на фотоволтаиците, втората е за  концептотот, дизајнот и физибилити студијата, а трета ќе биде фаза на поставување на фотоволтаичните системи.

Средствата од грантот се обезбедени преку Европскиот план за закрепнување, трансформација и отпорност, а поддржани од Министерството за индистрија, трговија и туризам на Шпанија.

-Производството на струја преку фотоволтаиците треба да помогне да се намалат трошоците за струја на АД „Водостопанство“ за пумпните станици. Струјата последните две години отиде многу високо и трошоците се многу големи. За да не се зголеми цената на водата како сулуга што им се дава на земјоделците, производството на оваа енергија ќе се користи како компензација на струјата, односно за цената на водата да остане непроменета, објаснија од МЗШВ по потпишувањето на Договорот. 

Според министерот Николовски, нема стабилно земјоделство без стабилен систем за наводнување, а вложувањето во водоснабдителни капацитети е еден од клучните приоритети на МЗШВ.

МИА

Може да ви се допадне

Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на на граничните премини
Поскапуваат горивата
Трибина на АХВ во Гостивар за заштита од болеста чума кај овците и козите
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
Таг:водатадоговоротпловечки фотоволтаиципотпишанструја
Претходен напис (Во живо) Потпишување договор за техничка студија за пловечки фотоволтаични постројки  
Следен напис До петок повремен дожд и потопло, од сабота заладување и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?