Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: После лук, во истата леа најдобро е да се засее марула, морков или мешунки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > После лук, во истата леа најдобро е да се засее марула, морков или мешунки
Совети

После лук, во истата леа најдобро е да се засее марула, морков или мешунки

Објавено 30/01/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

После лукот на иста леа можеме да одгледуваме разни видови зеленчук. Растенијата ќе бидат поздрави, а плодовите повкусни.
Невозможно е да се замисли градина без леи со лук, но и покрај тоа што често се одгледува, мора да се мисли и што ќе се посее на тоа место после него.

Лукот е многу корисен вид зеленчук, бидејќи е многу ефикасно заштитно средство за градината и посевите во неа. Меѓутоа, за оние зеленчуци што ги одгледуваме после лукот да дадат добар принос, мора да се испочитуваат и одредени барања.

Голем потрошувач на калциум, решение – плодоред

Постојаното производство на еден вид на исто место во текот на годините, ќе создаде проблеми. За да можете да ги избегнете сите негативности што го следат таквиот начин на одгледување, потребно е да се врши смена на посевите. Иако на иста парцела можеме да одгледуваме еден вид зеленчук постојано, со тек на време и сами ќе се увериме дека приносот опаѓа.

Со примена на плодоред се зголемува плодноста на земјиштето, се намалува насобирањето на предизвикувачите на болести и штетни организми, се подобрува имунитетот на растенијата, се спречува еднострано искористување на ѓубривата од почвата. При планирање на сеидбата треба да го земеме предвид и фактот дека лукот се бере рано и потоа останува слободна парцела за сеидба. Со почитување на плодоредот се намалува присутноста на штетници, особено на мувите.

На исто место растенијата од семејството лук не треба да се садат пред да поминат три или четири години. Колку што е подолг тој период, толку е подобро. Треба да се има превид дека оваа сорта е голем потрошувач на калциум од земјиштето, но и дека го збогатува со многу корисни биосостојки што ги штитат другите градинарски видови.

Целта на плодоредот е да се намали бројноста на предизвикувачи на заболувања на целосно природен начин и да се осигура висока плодност на леата.

После лукот многу добро успеваат разни видови мешунки и компир, а освен нив може да се одгледуваат краставици, зелка и домат, бидејќи го збогатуваат земјиштето со кислородни споеви.
Од легуминозите (мешунки) најпожелни се гравот и грашокот. Потоа можеме да одгледуваме копар, марула, спанаќ. Сето тоа се култури на кои лукот им одговара како предпосев, а тие на свој начин дополнително ќе го подобрат земјиштето.

Морковот ќе биде повкусен

Морковот е еден од зеленчуците кој се сее после лукот, а освен што посевот ќе биде поздрав и коренот ќе биде повкусен. Потребно е пред сеидба добро да се залее леата, за семето да има доволно влага при никнување. После лукот многу добро успеваат и разни салати. Нив ги одликува краток период на растење, освен оние кои остануваат преку зима. За успешно производство добро е да се додаде компост, со цел збогатување на земјата со дополнителни состојки.

Добар против лисни вошки и ботритис

Во растителниот свет постојат видови кои меѓусебно се надополнуваат и се штитат. Лукот е вистински „доктор во градината“. Имено, тој излачува бројни растителни заштитни состојки. Најдобро е да го садите заедно со јагоди бидејќи ќе ги зачувате или ќе ја намалите појавата на ботритис на плодовите. Доколку се одгледува покрај домати, тие ќе растат подобро, засаден покрај морков со својот мирис ја одбива морковата мува, а покрај компирот го намалува нападот на компирова златица. Ги штити розите од рѓа, пепелница и напад од инсекти, особено инвазија на лисни вошки.

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:лук
Претходен напис Залихите на житарки и мешунки во Русија се зголемиле на 35,3 милиони тони за една година
Следен напис Демир Капија организира натпревари за најдобри вина и ракии и најспретни закројувачи на винови лози
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?