Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поскапува лебот во повеќе градови?! Малишиќ: Трошоците се покачени над 10%, секоја пекара сама одлучува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поскапува лебот во повеќе градови?! Малишиќ: Трошоците се покачени над 10%, секоја пекара сама одлучува
Агровести

Поскапува лебот во повеќе градови?! Малишиќ: Трошоците се покачени над 10%, секоја пекара сама одлучува

Објавено 31/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поскапува лебот во повеќе градови низ земјава. Во дел од пекарниците во Штип, Кочани, Прилеп и Битола се очекува повисока цена на одредени видови леб веќе од утре, а некаде веќе имало корекции. Најавите се дека цените на белиот леб од 450 грама, во дел од пекарите ќе одат нагоре од 3 до 5 денари. Информациите стигнале и до Групацијата на мелничко – пекарската индустрија при Стопанската Комора, но од таму велат секоја пекара индивидуално одлучува за цените.

„Имаме информации дека некои поединечни пекари кои не се членки и се членки имаат зголемено цени. Значи нашите информации се такви дека на пример во Битола некоја пекара има зголемено цена и дека штипскиве мали пекари нели сакале да зголемуваат цени, не знам како, било што било. Но таа информација кружи, ние ја добиваме. Така да, да тоа е поединечно значи. Кризава влијае на производствените цени на лебот и пекарските производи и ако продолжи кризава значи неминовно е поради големите трошоци кои што се создаваат. Неизбежно е да пекарите или поединечно секој околу свое видување да си ја зголеми цената или ако мисли да не ја зголеми цената“, изјави Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при СКСМ.

Со конфликтот на Блискиот исток, според Малишиќ, зголемени се трошоците за набавка на суровини, на производство и дистрибуција.

„Се зависи од резервите што ги имаат на лице место и тоа колку им влијае нели со новите набавки во цените. Така би требало да се покачи за некои десетина посто и нагоре. Нормално тоа секако влијае во тие три домена на производството, значи набавка, печење, дистрибуција. Значи секако би требало од прилика така да се движи цената. Но јас не можам да кажам колку ќе се движи, тоа се зависи од компаниите“, изјави Малишиќ.

Корекциите нагоре на цените на лебот доаѓаат по поскапувањето на маслото и јајцата како и овошјата и зеленчукот. Експертите и бизнисот веќе алармираа дека повисоката цена на горивата ќе ја покренат инфлаторната спирала и ќе има корекции и на другите цени, и бараа Владата итно да донесе мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Од Владата пак засега ставот е дека состојбата будно се следи и ако има потреба ќе има нови мерки.

Извор 21ТВ

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:групацијалебпоскапувацена
Претходен напис Бројот на овците е намален за 9.2 %, а за 18.5 % е зголемен бројот на свињите во споредба со минатата година
Следен напис Облачно и врнежливо време, наместа со ветер над 70 km/h
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?