Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Посетители од Бугарија на градскиот пазар во Делчево, се купува овошје и зеленчук
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Посетители од Бугарија на градскиот пазар во Делчево, се купува овошје и зеленчук
Магазин

Посетители од Бугарија на градскиот пазар во Делчево, се купува овошје и зеленчук

Објавено 21/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поголема група на бугарски државјани и денеска го посетија градскиот пазар во Делчево. Сметаат дека цените се слични малку на пазарите во Бугарија, но сепак посочија дека зеленчукот и овошјето се за нијанса поевтини заради што доаѓаат барем еднаш месечно на пазар во Делчево, првиот град по границата помеѓу двете држави.

– Цените се нормални и задоволителни. Ориз, јужно овошје, зеленчук…тоа ни е на агендата денес за купување. Ќе најдеме и по некој млечен производ, а ако успееме и ќе ручаме во некоја од вашите кафеани, вели жител од Благоевград.

Жител на Делчево додава дека Бугарите најчесто се овде токму за храната која се служи во делчевските угостителски објекти. 

-На Бугарите најслатки им се ќебапчињата, денес гледам повторно се тука, минатата сабота имаше повеќе автобуси. И за нас останатите добар е пазарот денес, има разновидна понуда, додава граѓанин на Делчево затекнат на градскиот пазар.

Повеќето пазарџии се задоволни како се движеше продажбата во рамки на денешниот пазар, додека некои велат дека граѓаните понекогаш премногу се „ценкаат“ за робата.

-Јас сум од Тработивиште. Не е скап пазарот, еве јас продавам зелка, цената е 40 денари парче. Исто имам и домашен компир и тој не е скап, но кога купуваат велат скапо им е. А навистина не е скапо и ние понекогаш треба да си го цениме трудот, што е 30,40 денари за една зелка или 1 килограм компир, вели производител од Тработивиште.

Саботниот пазарен ден помина во знакот на градинарските производи, погодни за производство на ајвар, туршија и други намирници кои се употребуваат при подготовката на зимница. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:бугаријаДелчевозеленчуковошјепазарПосетители
Претходен напис Земјоделците од штипско-карбинскиот регион ги подготвуваат нивите за сеидба на житните култури
Следен напис Сончево и топло, температура до 28 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?