Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Портокалово ниво на опасност од високи температури, Владата со препораки до граѓаните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Портокалово ниво на опасност од високи температури, Владата со препораки до граѓаните
Агропрогноза

Портокалово ниво на опасност од високи температури, Владата со препораки до граѓаните

Објавено 12/07/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денеска до средината на следната недела повеќе места во државата ќе бидат во портокалова фаза од опасност од високи температури. Според препораките што Владата вчера ги усвои на онлајн седница, од работа треба да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 години.

На работодавачите им се препорачува да ги реорганизираат работните активности за да се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 до 17 часот, а на детските градинки да не организираат активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

– Владата им препорачува на единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, информираа вчера од Владата.

null

Од Институтот за јавно здравје апелираа до граѓаните да носат вода со себе, шешир или чадор за заштита, лесна, светла и комотна облека, да се разладуваат со вентилатори или клима уреди и да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топло. Препорака е да се јаде овошје и салати, да се избегнуваат алкохол, кафе, чај, како и топла, зачинета и солена храна што може да дехидрира.  

Од Итната медицинска помош во Скопје велат дека поради топлото време имаат зголемен број на интервенции поради колапси на јавни места.

– Колабираат и помлади и повозрасни граѓани. Дневно имаме пријави за околу десетина колапси. Дали во автобус, дали на работно место… Имаме и пораст на повици од лица кои бараат совети телефонски, изјави за МИА доктор Рихад Реџепи од Итната медицинска помош.

Зајакнувањето на службите за Итна медицинска помош (ИМП) е еден од приоритетите на Министерство за здравство и во завршна фаза е постапката за обезбедување и дистрибуција на 65 нови санитетск

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокаловото ниво за опасност од високи температури. Во недела в попладневните работи, според синоптичарите, ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:високи температуриВладатаопасностпортокалово нивопрепораки
Претходен напис Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност
Следен напис ЦУК: Армискиот хеликоптер почна со гасење на пожарот на планината Серта, на локацијата се вклучени повеќе луѓе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?