Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Портокалово ниво на опасност од високи температури, денеска до 41 степен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Портокалово ниво на опасност од високи температури, денеска до 41 степен
Агропрогноза

Портокалово ниво на опасност од високи температури, денеска до 41 степен

Објавено 13/08/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Портокаловото ниво за опасност од високи температури останува активно денеска и утре затоа што, под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде особено топло и дневната температура наместа ќе надминува 40 степени. Во Скопје максималната температира ќе достигне 41 степен. 

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. УВ-индексот ќе има вреднсот 9.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 41 степен.

УХМР до крајот на оваа седмица прогнозира сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.

-Од четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во деновите од викендот кога ќе има услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Поради новиот топлотен бран во првите три дена од оваа работна седмица, до утре (14 август) важат препораките за намалување на ризиците од високите температури кои ги усвои Владата на седница во неделата, на барање на Министерството за здравство.

Со препораките за превенција, ослободени од работните обврски се најранливите групи население –  бремените жени и лицата постари од 60 години.

На работодавачите им е препорачано од 12 до 14 август да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено односно да се избегнуваат работни активности на отворено од 11 до 17 часот, а во тој период од денот да не се изнесуваат ниту децата од градинките и тие да немаат физичка активност. 

На општините, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран им се укажува да им помогнат на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

МИА

Може да ви се допадне

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
Топло време со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
Таг:41 степенвисоки температуриопасностпортокалово ниво
Претходен напис Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство во контролна посета на „Тиквеш“
Следен напис Донесен ребалансот – обезбедени средства за пензии и плати, за студентите, земјоделците, бизнисот и доспеаните обврски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?