Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пораст од 3,6 проценти на извозот во првиот квартал
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пораст од 3,6 проценти на извозот во првиот квартал
Агровести

Пораст од 3,6 проценти на извозот во првиот квартал

Објавено 05/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во првиот квартал годинава изнесува 1 998.3 милиони евра и бележи пораст од 3.6 проценти во однос на  првиот лвартал од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, во периодот јануари – март годинава, изнесува 2 788.3 милиони евра, за 0.5  проценти повеќе во однос на истиот перод лани, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика.  

Во периодот јануари – март годинава според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49.8  проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.6 проценти во вкупната размена.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица. 

МИА

Може да ви се допадне

Невработените од земјава, посебно младите до 29 години најдоцна до утре можат да се пријават на огласот за добивање грант за самовработување и започнување сопствен бизнис
Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг во првиот квартал е 58,9 проценти од БДП, тоа е суштинската разлика во начинот на кој ние ги водиме јавните финансии
ЦУК: Повеќе пријави за поплави и нарушување на инфраструктурата по невремето во Скопје, најкритични Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.07.2026 година
ММФ ќе прави анализи на пензискиот фонд, во Буџетот се предвидени вкупните 19,6  милијарди денари за Вториот столб
Таг:порастпрвиот квартал
Претходен напис Димитриеска-Кочоска: Посветени сме на стабилен економски раст со фокус на реформи и одржливи јавни финансии во услови на глобална неизвесност
Следен напис Од утре променливо облачно со дожд, пообилни врнежи во петок
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?