Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поради реконструкција на филтер станицата до крајот на септември прекин на третманот на водата во Берово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поради реконструкција на филтер станицата до крајот на септември прекин на третманот на водата во Берово
Агровести

Поради реконструкција на филтер станицата до крајот на септември прекин на третманот на водата во Берово

Објавено 01/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Берово започнува имплементацијата на проектот реконструкција на филтер станица, кој е инвестиција на Министерството за животна средина и просторно планирање. Поради градежните зафати кои треба да бидат реализирани, како што информираа од Општината во наредниот период, ќе се направи прекин на третманот на водата, со неможност да се достави безбедна вода за пиење, за корисниците од Општина Берово, приклучени на системот за водоснабдување на ЈПКР „Услуга“ Берово.

-Градежните активности опфаќаат санација на таложникот и замена на механичка опрема на влез на сурова вода во станицата, заради што неопходно е да се направи прекин на третманот на водата. Од тие причини,  нема да може да се достави безбедна вода за пиење согласно параметрите од Правилникот за безбедност  на водата за пиење (Сл.весник на РМ 183/18), за корисниците од Општина Берово, приклучени на системот за водоснабдување на  ЈПКР „Услуга“ Берово, информираа од Општината.

Прекинот на третманот на преработка на водата за пиење, како што додадоа се планира да почне од 04.09.2023 година и истиот ќе трае се до завршување на градежните работи на Филтер станицата  односно се очекува да биде некаде околу три до четири недели.

-Прекин на водоснабдувањето на достава на вода до граѓаните, како потрошувачи, нема да има односно водата од чешма ќе биде хлорирана и истата ќе можете да ја користите за санитарни потреби, перење како и за лична хигиена. Водата не смее да се употребува за пиење и готвење, како и за миење на садови и овошје и зеленчук, додадоа од Општината.

Во наведениот период Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ Берово,  ќе организира доставување на вода за пиење преку соодветни цистерни. За начинот и локациите за дотур на вода за пиење, преку цистерните граѓаните на Берово ќе бидете навремено и дополнително информирани, преку  веб страна на ЈПКР „Услуга“ и социјалните мрежи.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Берововодатареконструкцијафилтер станица
Претходен напис Жителите на карбинските села Таринци и Нов Караорман се против копање на јама за уништување на 9.000 свињи 
Следен напис Министерот Николовски и премиерот Ковачевски ќе го означат  почетокот на новата ИПАРД 3 програма
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?