Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поради птичјиот грип, падот на производството низ Европа се надоместува со увоз на пилешко месо од Украина и Бразил
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поради птичјиот грип, падот на производството низ Европа се надоместува со увоз на пилешко месо од Украина и Бразил
Агровести

Поради птичјиот грип, падот на производството низ Европа се надоместува со увоз на пилешко месо од Украина и Бразил

Објавено 20/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Птичјиот грип беснее низ Европа, а падот на производството се компензира со увоз од Украина и Бразил, пишува Vilaggazdasag. Притисокот врз производителите и преработувачите е голем.

Во периодот од 4 ноември до 31 декември минатата година, унгарската Национална канцеларија за безбедност на храна „Небих“, забележала 89 епидемии. Во 2023 година, Институтот за здравје на животните објави уште четири, а „Небих“ ја потврди болеста кај птиците што се чуваат во Домот на животните „Ное“.

Досега само во таа земја се уништени три милиони живина. Штетата беше проценета на износ меѓу 13 и 15 милијарди унгарски форинти (33 до 38 милиони евра). Експертите проценуваат дека е двојно повисок, ако на основната сума се додадат и индиректните штети и загуби.

Вести за оваа болест доаѓаат и од Германија. Во Источна Баварија мора да се уништат 70.000 патки, а нови случаи се потврдени и во Хрватска.

Од 1 септември, случаи на високопатогениот вирус на птичји грип се откриени во вкупно 543 живинарски фарми, 215 објекти кои чуваат птици во затворени простории и 1.410 диви птици. Епидемијата ја има во 28 европски земји и е поврзана со сериозно намалување на производството.

Решението се најде во увозот, најмногу од Украина и Бразил. Пилешкото месо и јајцата непречено пристигнуваат во Европа половина година, откако Европскиот парламент ги укина давачките за увоз на стоки од Украина.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Пилешко месоптичји грип
Претходен напис (ФОТО) Голем традиционален зелник и специјалитети од искусните паланчанки на „Пивтијада 2023“
Следен напис Утрово најстудено на Попова Шапка, минус 3 степени, во Демир Капија плус 10, најмногу дожд во последниве 24 часа во Берово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?