Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поради климатските промени, 90 отсто од традиционалните вински региони ќе исчезнат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поради климатските промени, 90 отсто од традиционалните вински региони ќе исчезнат
Агровести

Поради климатските промени, 90 отсто од традиционалните вински региони ќе исчезнат

Објавено 28/03/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Околу 90 проценти од некои од традиционалните региони за производство на вино во светот би можеле да исчезнат во наредните децении поради климатските промени, покажува новото истражување објавено во списанието „Nature Reviews Earth & Environment“.

Научниците открија дека најзагрозени се крајбрежните региони и рамнините на Италија, Шпанија, Грција и јужна Калифорнија, пренесува Си-Би-Ес.

Конкретно, тие открија дека прекумерната суша и почестите топлотни бранови предизвикани од климатските промени се одговорни за ризикот за производството на вино во овие региони.

Температурата, врнежите, влажноста, радијацијата и нивото на јаглерод диоксид се исто така клучни компоненти на производството на вино, а научниците велат дека тие ќе се променат поради новите климатски услови.

Зголемувањето на температурите може да ги направи другите региони попогодни за одгледување грозје, како што се државата Вашингтон, Орегон, Тасманија и северна Франција.

Научниците предупредуваат дека допрва ќе зависи од тоа колку ќе се покачат температурите, а може да има ризик и за зачувување на животната средина доколку во тие региони започне одгледувањето на винова лоза. 

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:90 отстовински региониисчезнатклиматските промениПорадитрадиционалните
Претходен напис Единствено во НАЈК ПРОМ ДООЕЛ! ТРАКТОР LOVOL 904 – Моќен, Современ, Ефикасен
Следен напис Бабовски: Кај нас нема од производот „вафли Нестле Кит Кат мини“ повлечен од хрватскиот пазар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?