Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поради големиот прилив на житарки, ЕК размислува за враќање на царините на украинскиот извоз во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поради големиот прилив на житарки, ЕК размислува за враќање на царините на украинскиот извоз во ЕУ
Агровести

Поради големиот прилив на житарки, ЕК размислува за враќање на царините на украинскиот извоз во ЕУ

Објавено 26/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија најверојатно ќе ја разгледа одлуката за едногодишна суспензија на царините и квотите за украинскиот извоз на земјоделски и прехранбени производи, дознава Euractiv. Одлуката беше донесена во мај за да се поддржи економијата на Украина.

Тоа беше одлука без преседан, но во месеците што следеа, особено оваа есен, имаше многу поплаки од земјите членки дека приливот на земјоделска стока ги става во неповолна положба земјоделците од ЕУ.

Оваа едногодишна, привремена програма за либерализација на трговијата ќе биде разгледана во јуни 2023 година.

Имено, по покренувањето на патот на солидарноста, залихи на житарки се создадени во земјите соседни со Украина, а најмногу проблеми се забележани во Романија, Унгарија и Полска, поради што реагираше Јануш Војчеховски, комесарот за земјоделство на Европската комисија.

Зеленски бара посилна поддршка за извозот

Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски, преку видеопорака на меѓународната конференција на министри за земјоделство што се одржа во рамките на Зелената недела во Берлин, ги повика 70-те министри на земјите кои едногласно ја осудија руската инвазија да ја поддржат неговата земја во извозот на житарки, што, меѓу другото, вклучува и поддршка за транспорт преку црноморските пристаништа.

„Сакаме развиените земји да не поддржат, да купуваат житарки и да ангажираат бродови за да овозможат хуманитарни пратки храна во земјите кои страдаат од глад или се загрозени од глад“, нагласи тој и повика на поддршка во формирањето на центри за претовар на житарки во африканските региони кои се особено зависни од увозот на храна.

There must be no famine. The right for food & clean water should be the basic human right. It must be a global goal! Anyone who tries to deprive people of food or water is an enemy to humanity. We must defeat such enemies together like 🇺🇦 & our partners do.#GrainfromUkraine pic.twitter.com/c7AgdWN1qg

— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 21, 2023

По состанокот, Војчеховски на прес-конференција рече дека кризната резерва на Заедничката земјоделска политика може да се искористи за помош на земјоделците во Полска, Романија и други земји, кои беа негативно погодени од приливот на украински житарки.

„Увозот од Украина нема негативно влијание врз целата ЕУ, но доведува до регионални тешкотии“, рече тој, наведувајќи ја неговата татковина Полска како пример и изјави дека внимателно ја следат ситуацијата.

Кризната резерва е фонд од 450 милиони евра вклучен во шемата на Заедничката земјоделска политика, кој може да се искористи за финансирање исклучителни мерки за борба против пазарните нарушувања кои влијаат на производството или дистрибуцијата.

Првпат беше започнат во април по рускиот напад на Украина. За нејзино повторно активирање ќе биде потребна согласност од сите министри за земјоделство на ЕУ.

Може да ви се допадне

Меѓународна работилница за ароми во храна и пијалаци на Земјоделскиот факултет при УГД-Штип
Без вода дел од улицата „Партениј Зографски“, а без струја корисниците на улицата „Тодор Чангов“ во Аеродром
Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата: Борче Серафимовски е новиот министер за земјоделство
Реконструкција на Влада: Резрешен министерот Трипуновски
Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу двете земји
Таг:војчеховскизеленскиодесаполскаукраина
Претходен напис Семејната фарма на Андреј од Чардаклија одгледува пуштени кокошки: Пораката што сакам да ја упатам до младите фармери е секој да излезе на пазарот со свој производ по кој ќе биде препознатлив
Следен напис Ампелотехнички мерки кои се применуваат кај сортите РИБИЕР и ВИКТОРИЈА
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?