Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поради глад дивите свињи сѐ почесто ги посетуваат селата во Кичевско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поради глад дивите свињи сѐ почесто ги посетуваат селата во Кичевско
Агровести

Поради глад дивите свињи сѐ почесто ги посетуваат селата во Кичевско

Објавено 16/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сѐ поголемиот дефицит на храна и нивната сѐ поголема бројност во природата, придонесоа дивите свињи во повеќе села во Кичевско да се шетаат среде бел ден. Жителите од повеќе рурални средини се жалат дека родот што го имале на нивите во поголем дел е собран од дивите свињи, а нивите ги претвориле во вистински ораници барајќи храна под земјата.

– Бидејќи во природата изворот на храна е намален и сега им преостанува она што сме го засадиле за свои потреби како гравот и пченката, дивите свињи да го соберат за да се прехранат – вели Саве Димитриески, жител на Осломеј.

Тој додава дека нивната бројност и сѐ помалата понуда на храна во природата, ги претвори дивите свињи во домашни животни. Ако вака продолжат ќе бидат принудени да одгледуваат сѐ помалку култури, бидејќи дивите животни ја собираат летната рекола.

Жители од селата на Рабетинска и Беличка река изјавија дека бројноста на овие животни е сè поголема, а присуството во селата се почесто.

– Сушата и сиромашната понуда во природата ги натера сѐ побројните диви свињи почесто да ги посетуваат селата и нивите во селата од нашиот регион. Најмногу штета направија на пченката што е во ек на зреењето, како и на гравот засаден во нив – вели Даме Петрески жител на Рабетинска река.

Тој додава дека оваа појава е сè почеста последните неколку години, кога и овие животни се принудени да побараат храна надвор од средината каде што стално живеат и оброкот да го делат со луѓето.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:диви свињи
Претходен напис Времето денеска ќе биде сончево и топло, стабилно и наредните денови
Следен напис Учиме рецепти: Дочекајте ја зимата со свежа салата од домати и кромид
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?