Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поплавени земјоделски површини и подруми на куќи во Кочанско, првичните проценки на земјоделците се дека е предизвикана штета од десетина милиони денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поплавени земјоделски површини и подруми на куќи во Кочанско, првичните проценки на земјоделците се дека е предизвикана штета од десетина милиони денари
Агровести

Поплавени земјоделски површини и подруми на куќи во Кочанско, првичните проценки на земјоделците се дека е предизвикана штета од десетина милиони денари

Објавено 13/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Обилните врнежи од дожд и топењето на дел од снегот на планините Плачковица и Осогово придонесоа за зголемување на водостојот во речните корита во кочанскиот регион и излевање на водата во земјоделските површини и во подрумски простории на куќите.

Најкритична е состојбата со реката Зрновка во близина на вливот во Брегалница, чие излевање поплави околу 50 хектари оризови површини и тие се целосно уништени. Целосно е урнат речниот брег во должина од стотина метри и водата непречно поминува низ нивите. Првичните проценки на земјоделците се дека е предизвикана штета од десетина милиони денари.

Причина за поплавувањето подруми и дворови во Спанчево е излевањето на одводниот канал што минува низ селото, чиј капацитет беше недоволен да го прифати зголемениот доток од водотеците.

– Интервениравме со три наши и една екипа од Доброволното противпожарно друштво од Кочани, кои со пумпи и друга опрема ја црпеа водата од куќите, а околу два часот по полноќ состојбата беше ставена под контрола. Во интервенцијата се вклучија и вработени од водостопанската подружница „Брегалница”, кои го прекопаа каналот и ја испуштија водата во околните ниви. Наша екипа остана дежурна на терен и го следи развојот на ситуацијата, истакна вчера Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.

Зголемениот доток во реката Брегалница предизвика брзо полнење на браната Калиманци, но засега таа ги акумулира сите количини и нема испуштање на водата.

-Последните мерења покажуваат дека има доток од по 60 кубни метри вода во секуна, односно дневно се влеваат по шест милиони кубни метри, што е далеку над вообичаениот просек. Во браната во моментот има акумулирано околу 50 милиони кубни метри вода, односно нешто под половина од нејзиниот капацитет, поради што нема потреба од празнење, истакна Дени Митров, раководител на водостопанската подружница „Брегалница” од Кочани.

Покачен водостој има и реката Масалница, а поради нивото на подземните води оневозможено е довршувањето на задоцнетата жетва на оризот на одделни парцели во атарот на селото Грдовци што останаа под вода.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Кочани
Претходен напис Намален водостојот на Брегалница, нема опасност од поплави во Штипскиот регион
Следен напис Крива Паланка под снежна покривка, се расчистуваат патиштата кон сите градски и приградски населби
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?