Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Попладнево блокада на граничниот премин Евзони за сите возила за влез и излез од Грција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Попладнево блокада на граничниот премин Евзони за сите возила за влез и излез од Грција
Агровести

Попладнево блокада на граничниот премин Евзони за сите возила за влез и излез од Грција

Објавено 03/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во периодот од 17 до 21 часот по македонско, односно од 18 до 22 часа по грчко време, по пауза од три дена поради празниците, грчките  земјоделци повторно ќе го блокираат граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите видови возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјоделците од северна Грција, кои од 1 декември поставија блокада на Евзони, претпладнево одржаа протест низ градот Килкис (Кукуш) и стигнаа до политичката канцеларија на потпретседателот на Парламентот и пратеник од Нова демократија Јоргос Георгадас.

Откако Георгадас одбил да слезе пред објектот за да се сретне со нив, а земјоделците одбиле нивни претставници да ја посетат канцеларијата, фрлија сено и памук пред зградата.

Потоа, се вратија на граничниот премин каде што се паркирани тракторите и најавија нова блокада на Евзони во попладневните часови.

Земјоделците низ цела Грција од денеска повторно започнаа со постепени блокади, додека пак утре напладне кај патарините Малгара во близина на Солун ќе се одржи состанок на кој ќе присуствуваат претставници од сите блокови низ земјата и ќе се одредат следните чекори.

Според најавите, се очекува да биде донесена одлука, не само за продолжување на протестите и блокадите, туку и за интензивирање, а не е исклучена можноста да закажат и протест со тракторите во Атина.

Протестите на земјоделците траат над еден месец, започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

Во периодот околу Божиќ и сега пред и по Нова година, земјоделците привремено ги тргнаа блокадите за да го олеснат патувањето на граѓаните за време на празниците. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:блокадаГрција
Претходен напис ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите
Следен напис Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?