Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Попладневната полчасовна дремка ги прави луѓето повнимателни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Попладневната полчасовна дремка ги прави луѓето повнимателни
Магазин

Попладневната полчасовна дремка ги прави луѓето повнимателни

Објавено 23/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Попладневната дремка од околу 30 минути му овозможува на мозокот да се одмори на начин што ги прави луѓето повнимателни при работата и другите активности, според стручњаците.

– Знаеме дека тоа е лесен и корисен начин за брзо зајакнување на својата будност, концентрација, продуктивност, креативност и расположение, изјави истражувачот Џејмс Маас, професор на Универзитетот Корнел.

Во својата книга „Спиј за успех! Сè што мора да знаете за спиењето, но сте премногу уморни за да прашате“ (Sleep for Success! Everything You Must Know About Sleep But are Too Tired to Ask), тој пишува дека скоро сите луѓе доживуваат попладневен пад на енергијата. Ова се должи на деноноќниот ритам на телото, којшто ги вклучува двата периоди на поспаност на секои 24 часа – еднаш навечер и вториот – меѓу 14 и 16 часот.

Во текот на ноќта, луѓето минуваат низ неколку 90-минутни циклуси на спиење поделени во пет фази, од лесен до длабок сон, при што најдлабокиот е кон средината. Дневниот сон го следи истиот циклус, поради што Маас не препорачува едночасовна дремка. Будењето од толку длабок сон може да потрае и до еден час за човек да се врати „во нормала“, благодарение на тн. „инерција на спиењето“.

– Тоа е како малку да влезете во режим на ниска потрошувачка на енергија и да му дозволите на Вашето тело да се опорави, изјави Сара Медник, авторка на прирачникот „Дремнете! Променете си го животот“ (Take a Nap! Change Your Life) со совети за дремката.

Стручњаците веруваат дека кратките дремки не му попречат на ноќниот сон, сè додека не се случуваат подоцна во денот. Се препорачува, исто така, дремката секој ден да се случува во исто време. 

МИА

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:повнимателниполчасовна дремкаПопладневната
Претходен напис Висока опасност од пожари во одредени делови на Грција, надлежниот министер повикува на зголемена внимателност
Следен напис Успение на Пресвета Богородица – 28 август неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?