Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Попладне пороен дожд, продолжува периодот на нестабилно време
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Попладне пороен дожд, продолжува периодот на нестабилно време
Агропрогноза

Попладне пороен дожд, продолжува периодот на нестабилно време

Објавено 18/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Продолжува периодот на променливо и нестабилно време. Како што најави УХМР, попладнево повторно се очекуваат врнежи, грмежи и засилен ветер, а така ќе биде и во следните денови.

На некои места се прогнозира и изолирана појава на град проследена со крактоктрајно невреме.

До вторник ќе биде нестабилно, претежно попладне, а локално процесите може да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, засилен ветер и град. Нестабилноста ќе биде особено изразена во текот на утрешниот ден.

Од вторник условите за невреме ќе се намалат, но и натаму ќе има можност за пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.

-Денеска, од пладневните часови на места и особено во планинските региони на западот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде со појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 34 степени. Во Скопје од пладневните часови ќе има зголемена облачност, појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата ќе достигне 32 степени. Во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град, понекаде и во вид на невреме. Температурите ќе се покачат, а особено топло ќе биде од почетокот на следната недела кога претежно на југоистокот ќе надминуваат 35 степени, наведува УХМР.

Изминатите 24 часа најмногу врнежи имало во Крива Паланка, 22 литри на метар квадратен, додека 10 литри се измерени во Тополчани, осум во Прилеп и Маврово, четири во Крушево, Берово, Претор и Штип, два литра во Ѓуриште, Скопје – Зајчев Рид и Лазарополе, како и еден литар на метар квадратен во Дојран, Струмица и Битола.

Може да ви се допадне

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
Таг:време
Претходен напис (ВИДЕО) Информација за исплата на субвенциите: Со ребалансот на буџетот, исплатата ќе продолжи и во текот на летниот период
Следен напис Министерот Хоџа во посета на Преспа: Штетата би била многу поголема без авионската интервенција против град
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?