Денес особено од пладневните часови па натаму на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, локална појава на грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи и понатаму ќе бидат под просекот за овој дел од годината.
Во Скопје и околината попладнево ќе има услови за повремен локален дожд и услови за појава на грмежи. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 20 степени.
Потоа, утре и во вторник, особено во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.
На средината од новата недела која што ни претстои пак ќе имаме нешто постабилно и потопло време, што значи дека времето полека ќе се затоплува, а температурите ќе се враќаат во границите на нормалата за овој дел од годината.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

