Преодна дестабилизација на времето се очекува попладне за кога синоптичарите најавуваат локален пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на невреме со град и силен ветер.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 31 до 39 степени, а УВ индексот ќе биде 8.
Од утре повторно следува стабилно и топло време. Температурите ќе бидат просечни за овој период од годината. До сабота ќе дува повремено засилен северен ветер, а од почетокот на идната недела ветерот ќе го промени правецот во југозападен.
