Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Полските земјоделци продолжија со блокадите на границата со Украина 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Полските земјоделци продолжија со блокадите на границата со Украина 
Агровести

Полските земјоделци продолжија со блокадите на границата со Украина 

Објавено 04/01/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Полските земјоделци денеска го блокираа преминот Медика на границата со Украина, продолжувајќи го протестот со цел да се обезбедат владини субвенции за пченка и да се спречи зголемување на даноците, јави приватната телевизија Полсат њуз.

Земјоделците, кои бараат писмен договор со владата, на 24 декември го откажаа протестот на преминот во југоисточна Полска откако имаа средба со министерот за земјоделство Чеслав Сиекерски.

Лидерот на протестот Роман Кондров, како што пренесува Полсат њуз, изјави дека земјоделците се задоволни од разговорите со министерот и локалниот гувернер, но сакаат формален договор, пренесуваат британските медиуми.

Кондров вчера изјави дека иако Сиекерски доставил документ во кој се наведува дека барањата на земјоделците ќе бидат исполнети, премиерот не дал потпишана изјава.

-Сакаме да потпишеме билатерален договор, рече Кондров на денешната прес-конференција. „Доколку се направи такво нешто, протестот ќе биде прекинат додека се спроведуваат барањата“, додаде тој.

Границата со Украина е блокирана и од полски камионџии од 6 ноември. Тие бараат Европската унија повторно да воспостави реципрочен систем кој бара од украинските компании да добијат дозволи за работа во ЕУ.

Полскиот премиер Доналд Туск во декември изјави дека верува оти Варшава е блиску до прекин на протестите на камионџиите. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:блокадитеграницатаПолските земјоделциУкраина
Претходен напис Од сабота дожд и снег, а од понеделник значително заладување
Следен напис Екстремниот студ го нарушува нормалниот живот во северозападна Европа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?