Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Покачено е нивото на водата во хидроакумулациите во струмичко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Покачено е нивото на водата во хидроакумулациите во струмичко
Агровести

Покачено е нивото на водата во хидроакумулациите во струмичко

Последна измена: 13/05/2025 08:31
Сподели
1 мин. за читање
Сподели

Покачено е нивото на хидроакумулациите во струмичко во споредба од пред три месеци, посебно на поголемите, информира за МИA од АД „Водостопанство на Македонија“-Подружница „Струмичко Поле“ Струмица.

Во најголемата акумулација „Турија“, од која со вода за пиење се снабдуваат општините Струмица и Василево, до вчера се собрани 20 милиони метри кубни вода од вкупно 50 милиони, односно во споредба со февруари нивото е покачено за околу 8 милиони. Во „Водоча“ вчера се измерени 10 милиони кубни метри вода од вкупен капацитет од 27 милиони кубни метри вода, односно од февруари годинава нивото се зголемило за околу 2 милиони кубни метри вода.

Според раководителот на Подружницата „Струмичко поле“ при АД „Водостопанство на Макеоднија“, Костадин Стојанов, помалите акумулации Новоселка, Чаушица, Иловица и Маркова река се полни и прелеваат.

Според анализите, сегашното ниво на акумулациите е задоволително и доколку нема сушен период, тогаш сегашните количини на вода ќе ги задоволат потребите за пиење и наводнување, односно ќе се обезбеди потребниот минимум од неколку наводнувања за овоштарниците и земјоделски култури засеани на отворено.

Инаку, од акумулацијата „Турија“ градот Струмица и повеќе населени места трошат меѓу 5 и 6 милиони кубни метри вода за пиење годишно. 

МИА

Може да ви се допадне

Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка
Народна банка: Макроекономската слика за економијата не е значително променета во споредба со октомвриските проекции
Таг:водатанивотострумичкотурија
Претходен напис Најмногу дожд во Струмица
Следен напис Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?