Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Појава на сина супермесечина в среда, следната е во мај 2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Појава на сина супермесечина в среда, следната е во мај 2026 година
Магазин

Појава на сина супермесечина в среда, следната е во мај 2026 година

Објавено 29/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На небото в среда ќе може да се види тн. сина супермесечина. Оваа појава се случува кога целиот диск на Месечината е осветлен и кога таа е најблиску до Земјата, во истовреме.

Тоа, сепак, не значи дека нашиот природен сателит ќе биде син по боја, туку тој назив го означува второто појавување на полна месечина во еден месец. Имено, првата полна месечина овој месец се случи на 1 август, а втората – задутре. Зенитот е во 8:46 часот наутро по македонско време, но појавата може да се види од секаде на планетава ако небото е чисто. Околу 25 отсто од полните месечини се супермесечини, но само три отсто се сини месечини, според НАСА, што е релативно ретка појава. 

Заедно со сината супермесечина, в среда на небото ќе биде видлив и Сатурн.

Супермесечината е околу 16 насто посветла од вообичаената појава на Месечина, а изгледа и поголема од просечната полна месечина. Супермесечината на 30 август ќе изгледа уште поблиску до Земјата отколку полната месечина на почетокот на август. Последната од четирите супермесечини за оваа година ќе биде тн. „Месечината на жетвата“ на 28 септември.

Следната сина Месечина е предвидена за мај 2026 година, а наредната ќе може да се види во 2037., и во јануари и во март.

Во просек, Месечината е оддалечена од Земјата околу 384.400 километри. Патеката по којашто орбитира околу нашата планета не е совршен круг, туку е малку издолжена елипса. Исто време, таа е малку и „изместена“, па точката каде што е најблиску до Земјата се нарекува перигеј (околу 363.295 км), а точката каде што е најдалеку (околу 405.503 км) се нарекува апогеј.

Под влијание на гравитацијата на Сонцето и планетите (првенствено Сонцето), патеката на Месечината се поместува малку подалеку во однос на Земјата, така што секој перигеј не е подеднакво блиску, како што и не секој апогеј подеднакво далеку. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:2026 годинасинасупермесечина
Претходен напис Веќе 11 дена активен е пожарот кај Еврос, изгорени над 80.000 хектари 
Следен напис Осум дена по пожарот, сè уште чад се крева од изгорениот смет од депонијата во близина на Волковија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?