Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите производители на грозје дека од денеска па се до 25- ти декември 2020 година, може да се поднесуваат електронски барања за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино.
За оваа финансиска поддршка може да аплицираат сите кои предале грозје од сортите: Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Кртошија, Жилавка и Кадарка.
За таа цел потребно е производителите да добијат потврда издадена од винарската визба.
Потврдата е објавена на страната на Платежната агенција
Кликнете на ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, а потоа на ОБРАСЦИ и прва најгоре е ПОТВРДАТА ЗА ОТКУПЕНО ГРОЗЈЕ.



Исто така оваа потврда веќе ја имаат и винарските визби и во Подрачните единици на Министерството за земјоделство
Апел до сите винарски визби, со оглед на краткото време, организирано, според здравствените протоколи, во најбрз можен рок да ги издадат потврдите на земјоделците за да можат да ја искористат мерката.
Потврдата е валидна исклучиво, доколку има внесено точни податоци на земјоделецот, потпишана од одговорно лице од винарска визба заверена со штембил и печат.
Сите земјоделци кои не можат да поднесат барање по електронски пат, односно им е потребна помош, може да се обратат во подрачната единици на МЗШВ.
Уште појаснување дека овие 2 денари се од Програмата за директни плаќања која ја реализира Агенцијата. За останатите мерки по Ковид програмата ќе добиете детални појаснувања откако ќе бидат донесени сите правни акти.
