Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Поевтинуваат моторниот бензин од 98 октани и екстра лесното масло за домаќинство


Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98  и Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два, односно 2,5 денари за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 83,5, а на Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) 74 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 75,5 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС останува 39,779 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,214 отсто, кај дизелот за 1,569, кај екстра лесното масло за 1,616 и кај мазутот за 2,745 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка, пак, е понизок за 0,006 отсто.

Мар 17, 2023agrotim4
Пораст на дневната температура во наредните денови, в понеделник ќе достигне 23 степениИсплатена финансиска поддршка за одгледувачите на говеда и пчелни семејства

Напишете коментар Откажи одговор

17/03/2023 Агровестибензини, Поевтинуваат54

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019