Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поевтини нафтата на светските берзи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поевтини нафтата на светските берзи
Агровести

Поевтини нафтата на светските берзи

Објавено 07/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светските пазари на капитал денеска растат, а најмногу зајакнаа акциите на берзата во Хонг Конг, додека нафтата поевтини. Главниот берзански индекс во Хонг Конг, Ханг Сенг, скокна за 2,41 проценти до попладневното тргување по локално време, поттикнат од растот на цените на акциите на кинеските технолошки гиганти Тенцент и Алибаба за 3,45 проценти, односно 5,54 проценти, јави Си-Ен-Би-Си.

Јапонскиот индекс Никеи 225 порасна за 0,93 проценти, а Топикс порасна за 0,22 проценти. Јужнокорејскиот Коспи напредуваше за 1,73 проценти, а тајванскиот Тајекс за 1,83 проценти.

Акциите во Австралија исто така пораснаа, при што индексот S&P/ASX 200 порасна за 0,63 проценти.

Најширокиот берзански индекс на азиско-пацифичките акции MSCI, без јапонските, забележа раст од 1,52 проценти.

Берзите во континентална Кина и денеска се затворени поради празници.

На берзата во Њујорк, индустрискиот индекс Дау Џонс се зголеми за 102,32 поени на 34.416,99 поени во текот на ноќта, а S&P 500 зајакна за 0,41 проценти, на 4.363,55 поени. Технолошкиот Насдак Композит забележа раст од 0,47 отсто на 14,501,91 поени.

Закрепнувањето на акциите на Волстрит е резултат на зголемениот оптимизам во однос на договорот за зголемување на плафонот на американскиот долг. Тргувањето на глобалните берзи е разнишано од почетокот на октомври поради стравот на инвеститорите од зголемените каматни стапки и инфлација.

На валутните пазари, индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската валута во однос на кошницата на ривалите, изнесуваше 94.226 поени, откако неодамна порасна од нивото под 94.2 поени.

Јапонскиот јен се тргуваше по 111,41 јени за долар, зајакнувајќи малку од вчерашното ниво од над 111,6 јени.

Цените на нафтата ослабнаа во попладневното тргување во Азија, при што фјучерсите на нафтата од типот Брент паднаа за 0,52 проценти на 80,66 долари за барел, додека американските фјучерси на нафтата WTI паднаа за 0,97 проценти на 76,68 долари за барел.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:нафта
Претходен напис (Фото) Хвар е прогласен за најубав остров во Европа
Следен напис Врнежите ќе придонесат за подигнување на ниското ниво на Охридското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?