Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Под 100 евра ќе биде приклучокот на домаќинствата на дистрибутивната мрежа на природен гас
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Под 100 евра ќе биде приклучокот на домаќинствата на дистрибутивната мрежа на природен гас
Агровести

Под 100 евра ќе биде приклучокот на домаќинствата на дистрибутивната мрежа на природен гас

Објавено 06/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под 100 евра се очекува да чини приклучувањето на домаќинствата на дистрибутивната мрежа на природен гас.

Од јавниот-приватен партнер кој ќе ја развива дистрибутивната мрежа ќе биде побарано да обезбеди и соодветни евтини кредити кои ќе им овозможат на домаќинствата да ја заменат инсталацијата на рати на повеќе години.

Изборот на јавен-приватен партнер следува во наредниот период, а претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски очекува тоа да се случи до крајот на првата половина од годинава. Според информациите на РКЕ, во крајната фаза остануваат две компании од Турција.

– Она што е важно е дека тендерски услов кој ќе биде најбитен, ќе биде најниската цена која ќе се понуди за приклучок на природен гас. Нашите очекувања се дека тоа ќе биде под 100 евра по приклучок. Тендерирањето ќе започне од 100 евра и мислам дека тоа ќе претставува придобивка за домаќинствата кои ќе имаат низок трошок за приклучување. Очекуваме од новиот јавен-приватен партнер да обезбеди и соодветни евтини кредити кои ќе им овозможат на домаќинствата да ја заменат својата инсталација на рати на повеќе години, изјави денеска Бислимоски.

Ќе биде побарано и од општините да даваат донации за домаќинствата кои ќе сакаат да се приклучат на мрежата на природен гас за овој еколошки енергенс да стане многу подостапен до граѓаните.

Од страна на РКЕ е изработена првичната верзија на новата методологија за определување на цените за дистрибуција на природен гас на мрежи кои ќе се градат од почеток. Целта е да се гарантира цената на гасот и да се прави контрола во првите години од работењето.

Сега, во градовите каде е развиена дистрибутивната мрежа на природен гас, приклучокот чини 500 евра. Во Турција, која во последните 15 години разви сопствена дистрибутивна мрежа на природен гас во 27 свои области и има тенденција тоа да го стори и во селските средини, приклучокот во станбени згради чини 120 евра по стан.

Инаку, првпат откога е започната гасификацијата во земјава, лани е забележана рекордна потрошувачка на гас. Според РКЕ, лани потрошувачката на природен гас изнесувала 338 милиони нормални метри кубни и е за 12,5 проценти зголемена во однос на 2019 година. Зголемување на потрошувачката на природен гас имало во индустрискиот сектор за 43 проценти, а намалување за 11 проценти е забележано само кај металната индустрија која беше најпогодена од кризата.

– Радува и фактот што има и нови домаќинства кои се приклучени на дистрибутивните мрежи за природен гас. Поголемиот број е во Струмица, а помалку има во Куманово, изјави Бислимовски на денешната прес-конференција.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:гас
Претходен напис (Видео+фото) Шкотски научници прават биогориво од нус-производи од виски
Следен напис РСЕ: Виното е љубов, а винскиот туризам иднината
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?