Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува сезоната на ПРАЗОТ – 2 вкусни рецепти со праз
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Почнува сезоната на ПРАЗОТ – 2 вкусни рецепти со праз
МагазинСовети

Почнува сезоната на ПРАЗОТ – 2 вкусни рецепти со праз

Објавено 12/12/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Веќе сме на прагот на зимата и започнува сезоната на празот. Овој зеленчук често се користи во нашата традиционална кујна, а освен специфичниот вкус, тој има да нѝ понуди и навистина импресивна хранливa вредност. Во само 100g подготвен праз има само 30 калории и во исто време високи концентрации на провитамин А, витамин К и манган. Во помали концентрации присутни се и растителни влакна, бакар, витамин В6, железо и витамин В9, селен итн.

Провитаминот А во организмот се трансформира во витамин А и игра важна улога кај видот, имунитетот, репродукцијата и клеточната комуникација.
Витаминот К има важна улога во правилното згрутчување на крвта при повреди и во зачувувањето на здравјето на коските.
Манганот пак, може на пример да помогне во одржувањето на правилен менструален циклус и да ја помогне правилната работа на тироидната жлезда.

Дополнително, празот е богат извор на полифенолни и сулфурни антиоксиданти, помеѓу кои се вбројува и потентниот кампферол, а во помала мера и алицин.

Празот е корисен за кардиоваскуарлното здравје, дигестијата, при дијабет, но и за подобар имунитет – борба против инфекциите. Повеќе околу празот прочитајте тука.

Зошто почесто треба да јадеме полнозрнаста храна, како што е оризот, прочитајте тука.

Денес ви предложуваме 2 вкусни рецепти со праз кој морате да ги пробате!

Тавче праз


За овој рецепт ќе ви бидат потребни
:
• 3 страка праз – исечкан на коси парченца
• 150g интегрален ориз
• 1 главица црвен кромид – ситно исечкан
• растителен бујон (доколу сакате)
• 1 литар вода
• сол и бибер (други зачини по желба)
• 3 супени лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

1. Во една тава ги додавате 3-те лажици маслиново масло и откако тоа добро ќе се загрее, го додавате ситно исечканиот кромид. Кога кромидот добро ќе зарумени, го додавате и оризот и пропржувате уште 1-2 минути.

2. Додавате 1 литар вода и растителен бујон и чекате до зовривање. Откако водата ќе зоврие, го додадавате претходно исечканиот праз, солта и зачини. Варите 20-тина минути.

3. Во претходно добро загреа рерна на 180°C, ја ставате тавата и печете 15-20 минути.

* Овој оброк прави 2 солидни порции.

Нутритивна вредност:
(на една порција)

Калории: 347; Јаглехидрати: 62g, од кои 5,5g  растителни влакна и 7g шеќери; Масти: 8,5g од кои 1,4g заситени и 0,2g омега 3 масни киселини; Протеини: 7g; Витамин А: 2250IU; Витамин К: 66μg; Витамин Б6: 0,6mg; Фолна киселина 110μg; Железо 3,7mg;  Манган: 2,1mg; Селен: 11μg

Плескавици од просо, спанаќ и праз

За овој рецепт ќе ви бидат потребни:
• 100g просо
• 150g спанаќ – ситно исецкан
• 2 парчиња праз – ситно исецкани
• 1 помал црвен кромид – ситно исецкан
• 1 помал морков – ситно исецкани
• 1 компир со средна големина
• 50 грама соја трошки или рендани соја зрна (печени)
• зачини – сол, копар, куркума, бибер, оригано, мајчина душица
• малку маслиново масло

Начин на подготовка:
1. Сварете ги просото и компирот и добро исцедете ги.
2. Изблендирајте ги во блендер или добро иситнети ги зрната соја (ако користите соја трошки, нема потреба од овој чекор).
3. Испасирајте го компирот и заедно ставете ја сета содржина (освен зеленчукот) во еден длабок сад.
4. Пропржете го претходно ситно исечканиот зеленчук (празот, морковот, кромидот и спанаќот) на тава со малку маслиново масло и потоа додадете го во садот.
5. Направете добар замес, односно убаво месете додека смесата целосно не се хомогенизира.
6. Обликувајте го тестото во плескавици и оставете го најмалку половина час во фрижидер на 3-5 степени.
7. Печете ги плескавиците на нелеплива тава со малку маслиново масло. Ако сакате да бидете сигурни дека нема да ви се распаднат или залепат, во чекорот 5 користете и едно јајце или пак наместо да ги пржите, печете ги во рерна.

* Овој рецепт прави 4-5 плескавици

Нутритивна вредност:
(на една плескавица)

Калории: 230; Јаглехидрати: 30g, од кои 4,2g  растителни влакна и 1,5g шеќери; Масти: 5g од кои 0g заситени и 0,1g омега 3 масни киселини; Протеини: 10g; Витамин А: 6500IU; Витамин К: 222μg; Витамин Б6: 0,5mg; Фолна киселина 125μg; Железо 3mg; Магнезиум: 80mg;

Прилогот го подготви Д-р Александар Митов

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:празрецепти со празсезона
Претходен напис Млади иноватори од Македонија добија глобално признание за иновација за дигитална инклузија
Следен напис Истекува рокот за ваучерите за туризам, но ќе има нови за 2021
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?